Новата Година во светот

Новогодишните обичаи во секоја земја се различни. Ако не сте знаеле или не сте имале прилика и можност да бидете сведоци на една поинаква Новогодишна...

 

... прослава, ние ви нудиме мал дел од обичаите кои се практикуваат во различни земји во светот.

- Германците не можат да ја замислат Новогодишната прослава без огномет, па затоа во Германија секоја година за најлудата ноќ, најмногу се троши за пиротехника (околу 100 милиони евра).

Оваа бучна традиција потекнува од средниот век кога луѓето на улица шетале предизвикувајќи многу бука, уверени дека на тој начин ги истеруваат злите духови. Со текот на времето, од неартикулисана врева, полека се преминувало на нешто пософистицирано во облик на шарени експлозии во небото.

novata-godina-vo-svetot1

Новогодишната маса во оваа земја е исто така е симболична. Неизбежно е печено прасе кое означува благосостојба, и риба која означува подобра иднина. Едно интересно верување е врзано за домашните обврски, па германците сметаат дека оној кој за Нова година ќе пере и пегла, сам си е крив ако во наредната година мора многу да работи.

- Австралијанците се разликуваат само во тоа што среќата на новогодишната вечер си ја осигуруваат со добар десерт - сладолед од ментол кој се послужува аранжиран во облик на детелина со четири ливчиња.

- На Британците им е најважно кој прв ќе ги посети во Новата година, бидејќи се верува дека тоа одредува колку годината ќе биде среќна.

Ако вам ве посети женска личност, тогаш немате на што да се надевате, но доколку ве посети маж кој носи подароци - тогаш сте прав среќник! Подароците вклучуваат леб како симбол за богата трпеза, јаглен за оган како симбол за сигурност во домот и пијалок за домаќините што нормално симболизира среќа и веселба.

Во Велика Британија е важно и колку врати во домот имате. Освем што е обичај да на полноќ ја отворите влезната врата за среќата од новата година да влезе во вашиот дом, добро е да имате и стража на вратата која ќе се осигурува кои гости влегуваат. Ако доаѓаат повеќе гости одеднаш, првиот кој влегува мора да биде оној кој ќе ги носи подароците.

-Холанѓаните на Нова Година јадат крофни, бидејќи сметаа дека крофните се симбол на среќа и благосостојба. Шпанците на полноќ јадат грзоје и тоа 12 бобинки што симболично претставува среќа во наредните 12 месеци.

- Грците, како и Норвежаните во новогодишниот леб ставаат паричка. Коа се дели лебот, првото паnovata-godina-vo-svetot2рче се остава на страна за Исус, второто е за главата на семејството, а ако паричката се падне во третиот дел, тоа значи дека целото семејство ќе има среќа.

- На Сицилијанците им важи верувањето дека среќни ќе бидат оние кои на Нова Година јадат лазањи. Јадење на било кои други тестенини носи несреќа.

- Бразилците за Нова Година носат бела облека која симболизира мир. Старите верувања велат дека треба да се посака желба и да се застане на обала. Таму треба да се прескокнат 7 бранови, а потоа мора да се фрли цвеќе за божицата да ви ја исполни желбата.

- Во одредени делови во Колумбија, се има обичај на Стара Нова година да се украси една машка кукла која ја претставува минатата година. Точно на полноќ куклата се пали со старите, непотребни работи и се што е врзано со тажни спомени, за да се осигура среќа во иднина.

- Кинезите за Новата година своите врати ги украсуваат со нешто црвено бидејќи оваа боја во нивната култура означува среќа и веселба. За сето тоа време, се забранува користење на нож бидејќи секој рез се верува дека на тој начин може да се пресече среќата во новата година.

- Во Северна Америка прифатен е обичајот на подарување бакнежи кои се случуваат од разни танцови и забави под маски. Според традицијата, маските ги симболизираат злите духови од старата година, а бакнежот претставува прочистување и премин во подобра Нова година.


Би можело да ве интересира:

Женските маки низ 10 забавни илустрации Како се чувствуваме во оние денови, кога маки мачиме со циклусот? Како изгледа к...
Колку е човек посилен, толку е поскромен - Тие што се празни однатре создаваат врева Ги ценам луѓето кои и понатаму живеат за себе, одат на одмор и молчат за тоа дек...
Како да го одберете идеалниот датум за венчавка, со помош на нумерологија? Уште одамна се верува дека датумите носат суштински енергии кои влијаат на живот...
За вашите принцови и принцези: Кралски имиња кои се популарни и во Македонија Елизабета, Дијана, Александар... Кои имиња со кралско значење се популарни кај н...
Фотки кои ќе им предизвикаат страв од височина дури и на најхрабрите Работник на врвот на телекомуникациска антена или поправање клима на 28-ми кат –...
Вo Македонија „промајата“ е опасна по здравјето – Необични верувања и бон-тон правила во европските ... Во Италија е „зло“ да ставите пармезан на пица, додека во Албанија е нормално да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg