Акцент имаме уште пред да научиме да зборуваме: Забавни работи кои треба да ги знаете за акцентите

Ако често зборувате со различни луѓе во кафулиња, на улица или во друшто сигурно некој ќе ве праша од каде сте веднаш штом ќе почнете да зборувате. Нашите акценти нè дефинираат, нè поврзуваат со одреден регион, а понекогаш дури и со одреден стереотип.

Zabavni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-akcentite

Ова се неколку забавни работи кои треба да ги знаете за акцентите.

Акцентот може да ве направи неверодостојни

Кога е тешко да се разбере зборувањето на едно лице или нивниот акцент е непознат, нашите мозоци работат понапорно за да ги обработат информациите. Нашиот мозок не сака да работи напорно, поради што често се сомневаме во вистинитоста на она што ни е кажано. Од истата причина, полесно се паметат римувани зборови и фрази, затоа компании со пократки имиња имаат тенденција да бидат поуспешни.


Имаме акцент пред да научиме да зборуваме

Логично е дека ќе зборуваме на акцентот што го слушаме најмногу кога сме помлади, но истражувањето од Вирцбург универзитет во Германија укажува на тоа дека го развиваме акцентот дури и пред да го изговориме нашиот прв збор.

Истражувачите откриле дека плачот на новороденчиња содржи мелодии кои го имитираат говорот и акцентот на нивните родители. Овие акценти се развиваат кај бебињата на возраст од три дена. Истражувачите веруваат дека можеби се работи за обид на бебињата да формираат врска со нивната мајка со имитирање на звуци.


Пеење и акценти

Пеење со друг акцент е прилично честа појава. Битлсите се најдобриот пример за ова. Имено, тие се од Ливерпул, но во нивните песни не можете да го препознаете нивниот акцент, додека во говорот веднаш се познава разликата помеѓу стандардниот англиски јазик и ливерпулскиот дијалект.

Многу истражувачи тврдат дека голем број од странските изведувачи, кои пеат на англиски јазик, всушност пеат на „американски начин“. Овде се работи за избор. Впрочем, рокенрол музиката традиционално се гледа како американски феномен. Сепак, некои групи го задржуваат својот акцент кога пеат. Во секој случај, се работи за индивидуален избор.


Синдром на странски акцент

Колку и да е тешко да го имитираме одредениот акцент кој е различен од нашиот, постои начин истиот да се научи буквално преку ноќ. Ова се вика синдром на странски акцент.

Кога британката Сара Колвил била пренесена во болница поради интензивна мигрена, кога се разбудила таа почнала да зборува со кинески акцент. Сличен пример и се случил на Кеј Расел која открила дека нејзиниот акцент се променил од британски на француски, исто така после мигрена. Не постои позна причина за овој феномен, иако повеќето од 150-те документирани случаи се случиле по мозочен удар или друга повреда на главата.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Илустрации кои покажуваат колку се променија модните трендови (некои биле лудост, други се вратија) Се сеќавате на времето кога сите имавме исти веѓи, сплескани, испеглани коси, но...
Станал крал на мал остров во Тихиот Океан: Шведски морепловец е инспирација за таткото на Пипи долги... Швеѓанецот Карл Емил Петерсон завршил на мал остров во Тихиот Океан по бродолом....
Фотки што ќе ве разгневат: Мрзливи мажи кои очекуваат сопругата да им биде и слугинка „Бев отсутна од дома цела недела. Сопругот направил куп со неговата валкана обле...
9 луѓе кои направија пластична операција и сега се „опседнати“ со својот нов изглед (фото) Кога луѓе кои никогаш не си го сакале носот, ќе добијат нов, совршен нос по опер...
Бизарни методи за утврдување бременост што се користеле во минатото Од проверување на бојата на женските гениталии, до уринирање врз јачмен и пченка...

Најчитани неделава