Сингл сум и оваа година, па што?

Вас ви е добро во сопствената кожа, иако немате партнер. Тоа е нешто што оние кои се во врска едноставно не сакаат да го сфатат, бидејќи не можат да разберат како некому му е удобно во сопствената кожа иако нема партнер.

singl-sum-i-ovaa-godina-pa-shto-01.jpg

Поголемиот дел од оние кои ви поставуваат прашања, не сакаат да ви наштетат, туку едноставно неумешно се љубопитни во поглед на она што не можат да го сфатат.

Луѓето масовно се плашат од самотијата и се трудат на секој начин цврсто да се поврзат со другите луѓе.

Ако сте сами и за празниците, го навредувате нивното чувство на општествена конвенционалност. Несвесно се обидуваат да ја потврдат сопствената супериорност и со сигурност ќе ви постават по некое прашање кое може да ве навреди.

Не е лошо да имате некои готови реченици и да можете да одговорите на овие прашања. Што поарогантно, тоа подобро.

„Па, во основа не сум сама, ама не сакам да зборувам за тоа“

Овој одговор ќе поттикне плитка љубопитност, но поен повеќе за вас. Нека претпоставуваат што сакаат. Вие можете да се релаксирате.


„Што предлагаш? Да одам на некоја забава со луѓе кои мораат да се напијат за да мислат дека се весели или забавни? Не благодарам.“

Бум! Зар грижа ви е дали се навредиле?


„Кои празници? Па мојот роденден беше летоска“

Ќе помислат дека сте вообразена девојка, но веројатно веќе нема да има прашања.

singl-sum-i-ovaa-godina-pa-shto-1.jpg

„Имам попаметна работа отколку да си играм семејство. Што ти значи тебе тоа?“

Ќе се обидат да сфатат дали сте ги навредиле...


„Повеќе сакам да сум сама со себе, отколку да бидам сама во врска“

Кажете го тоа со насмевка на лицето.


„Имам работа, се подготвувам за иницијација па работам на некои моќни медитации.“

Останете таинствени и сериозни. Ќе ве гледаат чудно.

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар? Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, денес живее под друго име – Себастијан Марок...
„Живеам во најстудениот град во светот – училиштата работат и на -50˚C, храната е 3 пати поскапа“ Јакутск важи за најстудениот поголем град во светот и овде просечната температур...
16 новогодишни декорации од TEMU до 500 денари - ќе ви внесат магија во домот Некои работи ќе ве чинат 100 денари, некои 500, но дефинитивно може да најдете с...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...

Најчитани неделава