(По)Среќна 2010 во 12 чекори

Дојде Нова Година – а со тоа и времето кога луѓето се одлучуваат за ова или она, ќе  го направат тоа и тоа, ќе работат на тој и тој начин, и се` така...

 

... до бескрај. Класика. Одлуки, колку ти душа сака. Исто толку разочарувања. За што? За на крајот од денот, кога ќе се направат сите пресметки, конечно да сфатиме дека најбитно е да бидеме и да се чувствуваме среќни.

Во прилог, советите на стручњаците околу тоа како оваа година да ви биде посреќна:

1. Сменете ја рутината. Иако веќе уиграните навики и однесувања често создаваат чувство на сигурност, здраво е  да внесете малку шаренило во вашето секојдневие. Не мора да биде нешто крупно – нека бидат едноставни работи – промена на фризерката, излет на некое ново место, откривање на некое ново кафуле... или пак, пробајте нешто сосема ново, што досега не ви паднало на памет – јавање, часови по цртање, посетување на изложби, опера...

Што, се противите? Овие активности не се својствени за вас? Ете ви причина плус да ги пробате.

2. Откачете се од опседнатоста со туѓите мислења. Да, да, природно е да се грижиме за начинот на кој другите posrekna-2012-vo-12-cekoriлуѓе не` гледаат и доживуваат, но, болната вистина е дека тие и не се баш толку заинтересирани за нас колку што ние си вообразуваме дека се`.

Вие секако се вознемирувате заради новото мозолче  никнато на сред чело, ужасната фризура, проклетите додадени килограми, но, дури ни во тие моменти на очај и нервоза, немојте да заборавите дека и другите се борат со слични проблеми. Навистина е  комплетно непотребно да им давате толкаво значење.

3. Поставете си нови и потешки предизвици.  Демек, најдобро било да се одредат неколку помали, лесно остварливи цели, за да ги избегнете разочарувањата. Фуј.

Добрата вест за сите нас е фактот дека овој тренд на размислување полека, но сигурно, се менува. Да, веќе струјат совети дека идеално е да се зацрта еден огромен предизвик и цел која е потешко остварлива. Чувството на успешност и исполнетост по исполнувањето на овие цели и предизвици најверојатно ќе ви го промени животот од корен.

4. Контролирајте го гневот
.  Прво и основно, бесот и гневот се сосема природни чувства. Единствениот проблем е кога ќе се претера со излевањето на овие чувства, па „неправилно“ се манифестираат.

Оваа година е идеална за да сфатите дека таквите изливи не носат ниту некаква корист, а уште помалку решение. Подобро ќе биде да проучите некоја техника на самоконтрола.

5. Хуманитарни активности. Помагањето на оние на кои им е потребна помош може да да побуди доста задоволство, но, и за ова мора да имате добро разработен план. Најпрво, добро истражете кому би сакале да помогнете. Подарете нешто што ви е подеднакво драго и вам и на оној кому го подарувате.

О не,  овде не зборуваме за пари – зборуваме за време. Дозволете си себеси да ја почувствувате радоста на подарувањето внимание – и сторете го тоа заради себе, а не заради честитките и пофалбите.  Ако сепак сакате да донирате пари, сторете го тоа анонимно.

6. Посветете се на она што можете да го промените
. Воопшто нема смисла да си ја трескате главата од рандом тврда подлога заради нешто што никако не можете да го смените.

Затоа, подобро насочете се на она што барем до некаде го имате под контрола. Оваа позитивна промена ќе ве награди со избегнување на непотребниот стрес, високиот притисок, болести и сл.

7. Смешкајте се.  Станува збор за ефектот на огледало – при интеракција со другите луѓе, секогаш ќе го добиете она што го давате. Ако се смешкате и ако сте љубезни, многу е поголема веројатноста дека и луѓето околу вас ќе ги прифатат позитивните вибрации. Ова е стара, испробана работа, и сите знаеме дека одлично функционира, па – зошто оваа година не би се смешкале повеќе?

8. Наградете се себеси
. Многу е важно, од време на време, да си угодите самите на себе. Одете на масажа, купете си нешто што одамна сте го посакувале – овозможете си некакво задоволство. И, најбитното – сторете го тоа без постоење на некоја посебна причина.

9. Олабавете со критиките. Конструктивните забелешки можат да бидат корисни, но, она што е многу подобро, покорисно и поприфатливо, сепак е – правилното насочување на пофалбите.

10. Купете си удобен кревет. Ако веќе имате добар кревет – сигурно комплетно не` поддржувате во оваа солуција. Удобниот кревет е клучен за добар сон. Добриот сон е основата на вашето расположение во текот на денот. Па сега, видете.

11. Кој ги шиша комшиите! Тема: завист. Па што ако комшијата купил ново БМВ, или жена му од глава до пети се дотерала во D&G, или оној од втори спрат го купил телефонот што вие го посакувате со месеци?! И тие најверојатно ве гледаат на ист начин – зависта не се ствара само заради материјалните погодности.

Бидете благодарни и среќни за она што го имате – со особен акцент на семејството и пријателите – и не жалете за она што го немате.

12. Почесто ставајте се самите себеси на вашата приоритетна листа
. Некогаш се исплати да се биде себичен, особено кога се борите и кога ви е тешко. Затоа, немојте да се срамите во овие ситуации да се ставите себеси пред другите.

Би можело да ве интересира:

Болно, но вистинито: 20 илустрации што реално го отсликуваат модерниот начин на живеење Секој човек е на својот остров со својот мобилен телефон, кога ќе ни снема батер...
Помалку убавите страни на летото, низ 12 забавни илустрации Преку работната недела надвор е сонце, за викенд почнува да врне; лесно можете д...
6 уникатни стандарди за убавина во различни земји, кои го прават светот поживописен Тетоважа на брадата кај жените, плочки во устата на мажите... некои стандарди за...
28 часа бил заглавен наопаку во тесна пештера, телото до денес му е внатре: Трагичната смрт на Амери... Во 2009 година, Џон Едвард Џонс решил да ја истражи пештерата Nutty Putty во САД...
Девојка преку свои искрени фотки покажува зошто не верува во Инстаграм совршенството Фалтичките на стомакот и грбот, задникот кој не е совршено затегнат... Девојка о...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg