Науката потврди: Сосема е во ред сите пари да ги потрошите на патување

Клучот на среќата се крие во искуствата, не во материјалните работи. Барем така вели едно неодамнешно истражување направено од страна на Универзитетот  Корнел во Њујорк.

naukata-potvrdi-sosema-e-vo-red-site-pari-da-gi-potroshite-na-patuvanje-001.jpg

Истражувањето направено од страна на психологот Томас Гилович кое траело цели две децении покажува дека најважни се разликите меѓу искуствата и средствата кои ги поседуваме.

„Купуваме работи за да се усреќиме и тоа ни успева, но на кратко. Новите работи се интересни на почетокот, но брзо се навикнуваме на нив. Од друга страна, среќата која ја чувствуваме кога ќе пробаме нешто ново со текот на времето се засилува, бидејќи тие искуства стануваат дел од нас и го градат нашиот идентитет“ – објаснува Гилович.

Едноставно кажано, новата маица која ќе ја пробаме сè на сè двапати, бргу ја забораваме, а првото летување без родителите ќе го паметиме целиот живот.

Гилович советува парите кои ги штедите за нов телевизор да ги потрошите некое патување или ново хоби.

„Можеби навистина сакате материјални работи. Можеби и верувате дека се врзани за вашиот идентитет, но истите можат да постојат и без вас. Од друга страна, вашите искуства навистина се дел од вас. Вие сте збир од вашите искуства“ – заклучува Гилович.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ладнокрвно убил човек, па тврдел дека бил „опседнат од ѓаволот“: Вистинската приказна зад The Conjur... Во раните 1980-ти, 19-годишен дечко од мало гратче во Конектикат убил маж. На го...
Портокалови малини и уште 11 работи што можете да ги видите само во Индија (фото) Кобра која ѕирка од плантажа за чај, храна послужена на лист од банана, волшебно...
Станал опседнат со крими-серијата Dexter, па почнал да убива: Мрачната приказна за „убиецот Декстер“ Марк Твичер сонувал за кариера во филмската индустрија. Но, истовремено бил опсе...
Исчезнувања од крузери од кои ќе ве полазат морници – со години се обвиени со мистерија Жена чие исчезнување не ни било пријавено од екипажот, жена која била најдена мр...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Вирална објава на учител: „Барав учениците да напишат што им тежи - раскажаа за неправди, болести, с... „Работам во училиште како наставник 22 години. И вчера, ми се чини, доживеав еде...

Најчитани неделава