Што е шаманизам?

Шаманизам е техника на екстаза, магија, вид на религија и најстар научен експеримент на човечката цивилизација. Базиран е на директното искуствено сознавање, а насочено е кон есенцијалното истражување на феноменот на животот и постоењето.

sto-e-samanizam-001.jpg

Шаман е човек кој го сметаат за врач или чудотворец, народен лекар кој може да стапи во контакт со светот на духовите. Зборот шаман најверојатно потекнува од санкртскиот јазик "srman".

Оваков облик на верување може да се пронајде во централна Азија, северна Америка и Океанија. Поимот шаманизам се однесува на верувањата дека со светот владеат непознати сили и души на умрени со кои може да комуницира само посебно опремено лице, односно шаманот. Тој е свештеник, лекар и духовен водич на племето. 

Обично шаманската вокација се пренесува наследно или преку повик на боговите и духовите. Некои истражувачи веруваат дека се пренесува преку женска линија, но најчесто овие работи се разликуваат во зависност од културата на одредениот народ.

За да се стане шаман прво треба да се научи техниката за постигнување на екстаза (преку соништа, транс), имиња и својства на духовите, тајниот јазик на природата и животните, и така натаму. Преку посветеност шаманот добива специфични магиски моќи.

Во шаманизмот постојат три света:

Внатрешен свет - свет во кој живееме;

Долен свет - подземен свет кој е дом на духовите на животните, растенијата и неорганскиот свет (планини, карпи, оган, вода ...).

Горен свет - светот над облаците кој е дом на ангели, архангели, божици и богови.

Дивинација, односно гатањето е древна шаманска техника на духовно раководство, односно добивање на информации, решавање на одредени ситуации, конфликти, односи. За дивинација се користат на природните предмети или појави - камен, кристал, земја или облаци.

Шаманизмот не е базиран врз догма и идеологија, туку врз поединечно искуствено сознавање на закони и механизми кои владеат со природата и човечката психа. Шаманското исцелување сé уште не е објаснето до крај, а не е ни признаено. Некои научници го споредуваат со психоаналитички третмани, бидејќи и во двата случаи се создаваат терапевтски симболи кои помагаат некој психички да се излекува.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Освои 2,4 милијарди долари, го обвинуваа дека го украл добитното ливче: Кој е најголемиот добитник н... Во 2022 година, Едвин Кастро од Калифорнија освои 2,4 милијарди долари на лото. ...
Таинствениот живот на единствениот син на Ал Капоне: Со децении се криел со лажно име Иако некои извори велат дека не му е биолошки син, Ал Капоне имал само љубов за ...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...
Колку пари навистина имал Пабло Ескобар (и како ги трошел)? „Знам дека Пабло заработуваше толку многу кеш, што секоја година, губеше околу 1...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава