6 работи кои не знаевте дека можете да ги направите во микробранова

Наместо да ја користите само за подгревање и одмрзнување на храната, евентуално за правење пуканки, откријте уште неколку корисни трикови кои можете да ги направите во микробрановата.

6-raboti-koi-ne-znaevte-deka-mozete-da-gi-napravite-vo-mikrobranova-01.jpg

Ова се 6-те кои сигурно не сте ги знаеле, а ќе ви се најдат во секојдневието:

1. Кога треба да ја исчистите

Ставете сад со вода и сок од лимон да се грее 5 минути на средна температура. Потоа само пребришете ја внатрешноста со крпа и сите маснотии ќе исчезнат.


2. Кога треба да сечкате кромид

Исечете ги краевите на кромидот и ставете го во микробранова 30 секунди. Така мирисот повеќе нема да ве тера на плачење.


3. Кога сакате на брзина да сварите пченка

Исчистете ја пченката, замотајте ја во хартиена крпа и потоа ставете ја во микробранова не повеќе од 3-4 минути.


4. Кога ќе ви останат пржени крофни или други слатки печива

Наместо да ги фрлите затоа што се од завчера, ставете ги да се подгреат 15-тина секунди. Така ќе им го вратите оригиналниот, тазе вкус.


5. Кога треба да ја дезинфицирате даската за сечење

Измијте ја со сапуница и вода, па без да ја плакнете ставете ја во микробранова 1-2 минути. Потоа исплакнете и избришете со сува крпа.


6. Кога сакате совршено крцкава сланина

Наместо цела куќа да ви мириса на зејтин и прженици, ставете неколку парчиња сланина на превртена чинија или шолја за кафе и загревајте 1-2 минути.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе чии домови се похаотични од вашиот, ако ви е за утеха (фото) „Понекогаш водоводџијата и електричарот треба да се слушнат на телефон и да се д...
Ја сметале за жртва во нападот на „Близначките“ во 2001, но водела двоен живот: Мистериозното исчезн... Млада Американка исчезнала ден пред нападот на кулите „Близначки“ во 2001-ва. На...
Луѓе кои (речиси) биле киднапирани ги споделуваат морничавите искуства „Бев многу мал и всушност не ни бев свесен дека сум киднапиран, бидејќи ја знаев...
10 фото-докази дека реалноста често може да нè разочара повеќе од очекуваното „Порачав играчка за кучето. Едно што не е иста, туку толку се плаши од неа, што ...
13 детски цртежи кои ќе ве насмеат до солзи (и разнежат) „Син ми ја нацрта учителката - не знам дали да ѝ го дадам цртежот или не“. „С...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...

Најчитани неделава