2016 е престапна - што не треба да правите годинава?

На секои 4 години, календарската година се ускладува со астрономската година и месецот февруари има 29 дена. 2016-та година е престапна година и месецот февруари оваа година има 29 дена.

godina-so-eden-den-povekje-shto-ne-treba-da-pravite-vo-prestapnata-godina-01.jpg

Престапната година ја следат многу народни верувања. По нив, самата година е „баксузна“, односно несреќна година и не би требало да започнувате некои сериозни работи. Исто така, Грците веруваат дека оваа година не треба да стапувате во брак, бидејќи ќе заврши неславно.

Ако сепак се одлучите да се венчате, тогаш девојката треба да го запроси мажот - барем така веруваат Британците. Ако мажот ја одбие жената, тогаш треба да ја бакне и да и подари свилени ракавици.

Оваа година не треба да садите овошје, бидејќи ќе има плод секоја втора или секоја четврта година. Ако веќе садите, тоа треба да го направите на есен, не на пролет.

Децата родени на 29-ти февруари

Во Ирска по закон, секое дете родено на 29-ти февруари добива по 100 фунти.

Веројатноста некој да се роди на 29-ти февруари е 1 спрема 1.000, а во светот моментално живеат 4 милиони луѓе кои се родени токму на овој датум.

За овие деца се верува дека се креативни, интелигентни и многу често, единствени. Да се родите на 29-ти февруари, значи да се родите со „шесто сетило“. За овие луѓе се верува дека се родени како среќници и дека поседуваат бројни таленти.

Во Гинисовата книга на рекорди семејството Кеох од Ирска е запишано како семејство во кое три личности од три генерации по ред се родени токму на 29-ти февруари. Во книгата на рекорди ќе го најдете и норвешкото семејство Хенриксен каде има три членови кои се родени на 29-ти.


Египјаните први сфатиле дека има престапна година

Секоја 4-та година е престапна година за полесно да се усогласат календарската и соларната година, односно времето кое ѝ е потребно Земјата да го заврши својот пат околу Сонцето.

На Земјата потребни ѝ се 365 дена и 5 часа, 48 минути и 45 секунди да направи еден круг околу Сонцето. Соларната година трае 11 минути помалку од патувањето на Земјата, па затоа пости еден ден плус во календарската година.

Египјаните први започнале со усогласување на календарската и соларната година.. Од нив, оваа традиција ја преземале Римјаните кои одлучиле денот кој ќе се додаде да биде 29-ти февруари.

Овој стандард е светски прифатен во 1582-та година.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
10 очигледни особини кои ги имаат луѓето со ниска интелигенција Не се љубопитни и немаат интерес за подлабоко да навлезат во некои теми. Се прец...
Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...
16 пати кога фотографиите покажуваат илузија многу поинаква од реалноста „На прв поглед си помислив дека се проѕирни, а не дрвени прегради“. „На прв п...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...

Најчитани неделава