На час по географија кај 4-годишната сезнајка (видео)

Се сеќавате ли на тригодишната Бриел која го освои светот со своето познавање на Периодниот систем на елементите?

na-cas-po-geografija-kaj-4-godishnata-seznajka-0001.jpg

Оваа мала сезнајка стана интернет сензација, а нејзиното гостување во шоуто на Елен Деџенерис ги освои срцата на сите пред малите екрани.

Ако мислевте дека она што е фасцинантно за неа е само познавањето на периодниот систем на елементите, тогаш прегледајте го видеото во кое таа држи часови за земјите од светот. 

Се прашувате која е најголемата земја во светот? Колку временски зони постојат или колку чекори се потребни за да се искачите на врвот на Ајфеловата Кула?

Дозволете оваа мала сезнајка да ви раскаже во еден забавен час кој ќе го исполни вашето срце со топлина и ќе предизвика насмевка на вашето лице. Пред неа е само глобус, на кој таа вешто ги наоѓа сите земји за кои раскажува, а освен тоа добро ги владее сите интересни факти кои се карактеристични за земјата која ја покажува.

Малата Бриел со својата појава носи една силна порака како за младите така и за возрасните, за да бидете познати и обожавани од светот не ви требаат погрешни работи со кои ќе се истакнете. За неа доволна отскочна даска која ја направи миленичка на сите, беше нејзината желба да научи повеќе.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека не секој заслужува да биде дизајнер и архитект Бања и кујна во иста просторија, тоалет со проѕирен таван сместен под главниот в...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...
12 чудни работи низ светот кои најверојатно никогаш нема да ги видите во Македонија Скејт парк во форма на јајце на око, мотоцикл „облечен“ во фармерки, уринали пре...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
14 „тажни“ фотографии кои совршено го опишуваат понеделник „Стаклената врата од тушот се распрска ноќеска на илјадници парчиња. Понеделнико...
Искрени илустрации кои се доказ дека да се биде возрасен значи само добро да се преправаш Во ресторани барате здрави намирници, а кај мама дома уживате во домашните палач...

Најчитани неделава