Што ако мажите имаа менструален циклус? (видео)

Дали некогаш сте се запрашале или сте се обиделе да замислите како би изгледал животот ако мажите имаа менструален циклус наместо жените?

shto-ako-mazite-imaa-menstrualen-cikus-01.png

Замислете наместо понежниот пол, секој месец мажите да беа тие кои ќе крвават.

Неодамнешна кампања на WaterAid прашала 2.000 луѓе што мислат - колку би се разликува светот, ако мажите беа тие кои имаат менструален циклус?

Една третина од испитаниците изјавиле дека мажите би се гордееле и би се фалеле секој месец.

8 од 10 луѓе веруваат дека ако мажите беа тие кои имаат менструален циклус, би имало помалку табуа и митови поврзани со самиот циклус.

Интересен е фактот што повеќето луѓе веруваат дека стигмата околу менструалниот циклус би била сосема поинаква, всушност спротивна на онаа реалната - циклусот би станал причина за гордост и чувство на машкост.

Веројатно и тампоните и влошките би чинеле помалку, како што праша еднаш Стивен Тајлер - „Ако мажите крвавеа, дали тампоните ќе беа бесплатни?“.

Ова истражување можеби ги преувеличува работите, но има за цел да допре до еден важен проблем.

Моментално постојат 1,25 милијарда жени и девојки кои немаат пристап до чиста вода или тоалет за време на нивниот менструален циклус.

„Некои од тие девојчиња и жени чекаат да падне мрак за да можат да се средат“ - вели Барбара Фрост, еден од генералните директори на WaterAid.

„Уште милиони се дискриминирани поради верувањата дека жените кои имаат циклус се нечисти. Оваа стигма тера голем број на жени да се срамат од циклусот и да не се информираат околу тоа која е правилната хигиена во тој период“.

Токму затоа е креирана оваа пародија каде мажите имаат менструален циклус:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...
16 црвени знаменца кои укажуваат дека си имате работа со нарцисоидна личност Ви ѕвонат без престан стопати ако не кренете веднаш. Ве сметаат како нивно продо...
9 луѓе кои направија пластична операција и сега се „опседнати“ со својот нов изглед (фото) Кога луѓе кои никогаш не си го сакале носот, ќе добијат нов, совршен нос по опер...
18 луѓе чиј работен ден е (сигурно) полош од вашиот „Донесов мафини на работа за да почестам за роденденот. И тогаш дознав дека ме о...
Станал опседнат со крими-серијата Dexter, па почнал да убива: Мрачната приказна за „убиецот Декстер“ Марк Твичер сонувал за кариера во филмската индустрија. Но, истовремено бил опсе...
Како изгледа животот со Туретов синдром – Ја опцу кралица Елизабета во лице, кажа навреда на BAFTA Џон Дејвидсон е лице со Туретов синдром поради што неволно испушта крици и кажув...

Најчитани неделава