16 црвени знаменца кои укажуваат дека си имате работа со нарцисоидна личност
Ви ѕвонат без престан стопати ако не кренете веднаш. Ве сметаат како нивно продолжение и не смеете да направите тие да изгледаат лошо во туѓите очи. Имаат високо ниво на анксиозност, бидејќи тие сакаат да контролираат сè.

Оние кои се добро запознаени и психологијата им е силна страна, се прилично свесни за знаците на кои треба да внимаваат ако наидат на нарцисоидна личност.
Но има многу кои овие сигнали ќе ги помешаат и може да помислат дека станува збор за карактер, обична љубомора или нешто друго, а не ментален проблем.
Да, нарцисоидноста е ментална состојба, а не само обичен збор кој го користиме во секојдневието за некој што си се сака себеси.
Ако сте во врска со таква личност, треба да внимавате да ги препознаете знаците и ако имате можност, да се оддалечите или да разговарате со стручно лице.
Црвени сигнали кои не треба да ги игнорирате:
1. Ви ѕвонат без престан стопати ако не кренете веднаш.
2. Ви кажуваат што да носите, што да кажете, како да се однесувате и што да правите со животот.
3. Сакаат празни изјави на валидација, од типот, „Кажи ми дека ме сакаш“, a кога ќе им кажете, велат „Знам“.
4. Ве обвинуваат жестоко за работи за кои воопшто не сте виновни.
5. Повеќето разговори се сведуваат на зборување само за нив.
6. За себе имаат превисоко мислење, се сметаат за некаков вид на херој или некој многу повеличествен од обичниот човек.

7. Постојано ги кршат правилата сметајќи дека тие не се наменети за нив.
8. Имаат константна потреба да знаат и да контролираат сè.
9. Преминуваат граници бидејќи така сакаат, без никаква емпатија кон туѓите чувства.
10. Ве сметаат како нивно продолжение и не смеете да направите тие да изгледаат лошо.
11. Ве манипулираат до степен да мислите дека не можете да функционирате без нив и дека тие ви се потребни, а всушност вие сте им повеќе потребни нив и се плашат да не го сфатите тоа и да заминете.
12. Ви даваат работи само за подоцна да ви ги одземат или да ви се закануваат дека сте ги украле или да ве уценуваат.
13. Прават вие да се чувствувате виновно дека сте претерале кога ќе изреагираат бурно и не можат да си ги исконтролираат емоциите.

14. Раскажуваат минати ситуации како тие да се постојано жртва и како тие да се најдобрите во секоја случка, избегнувајќи да кажат нешто лошо за себе.
15. Способни се да уништат работи кои не се за нив – празници или прослави во кои некој друг е во фокус.
16. Имаат високо ниво на анксиозност, бидејќи тие сакаат да контролираат сè и ништо не смее да тргне наопаку, во спротивно реагираат агресивно.
М. М. | Црнобело
