Зошто луѓето го мразат Денот на вљубените?

Св.Валентин и не е некој голем празник кој задолжително мора да се слави кај нас. Иако Св. Трифун е многу поголем празник, сепак поголемо значење му се придава на првиот.

zosto-lugjeto-go-mrazat-denot-na-vljubenite-01

Но, со текот на времето, Св. Валентин го губи местото на „најпосакувани празници“.

Зошто Св. Валентин е еден од најомразените празници?

Верувале или не, повеќе од 2/3 луѓе на Западот не се веселат на 14-ти февруари. За поголемиот дел, прославување на Денот на вљубените станало нешто монотоно, досадно и исфорсирано. Изгледа дека овој празник се извештачил и станал клише.

Мажите и жените имаат чувство дека присилно мора да купат подарок за саканата личност, а дека за прославата на тој ден мора да фрлат повеќе пари затоа што „таков е редот“.

Покрај сѐ, 1/4 од паровите веќе испланирале романтична вечера во ресторан затоа што навистина сакаат да го прослават празникот. Од истите причини, мажите ќе им купат цвеќиња на нивните поубави половини - т.е. за секој случај.

За среќа, ужасните мечиња и срциња веќе не се интересни ни за децата и нивните први љубови. Станува збор за тоа ако веќе се мора, дека секој посакува оригинален подарок, а не некоја глупост која само ќе собира прашина. 

Мажите, како и секогаш, фантазираат да ги видат нивните дами во секси долна облека. Но, никој не подразбира дека таа мора да биде розова или црвена.

Сѐ на сѐ, никој нема ништо против љубовта, но на сите им е смачено од извештачено искажување на истата.

Затоа, ако го славите овој празник израдувајте го или бакнете го партнерот од срце, а не затоа што „така е редот“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
Поранешни затвореници споделуваат како навистина изгледа престојот во затвор „Нема постојано драма и тепачки. Јас бев во затвор со минимално обезбедување и п...

Најчитани неделава