8 борби кои ќе ги разберат само леваците

Еден од најигнорираните „хендикепи“ во светот е да се биде левак. Овој свет не е осмислен за нас и светот секојдневно ни го покажува тоа.

8-borbi-koi-samo-levicarite-vistinski-kje-gi-razberat-01.jpg

Можеби ова е малку драматично, но постојат одредени временски непријатности со кои вие, деснаците, никогаш не се занимавате.

Ова се 12 најздодевни непријатности од животот на леваците:

1. Вашите ракави стануваат сунѓер за бришење табла

Заборавете на пишувањето за време на состанок или пишувањето на табла пред класот; ако сте левак сè што ќе напишете ќе биде размачкано со вашиот ракав кој ќе изгледа како штотуку да сте подготвувале ручек за Ханибал Лектор. По претпоставка дека сте пишувале со црвен маркер.

8-borbi-koi-samo-levicarite-vistinski-kje-gi-razberat-1


2. Држењето ножици е како ракување со џин

Знаете ли колку ви е лесно вас, деснаците, да земете ножици и да почнете да сечете како сакате? За нас тоа е очајно. Ракувањето со просечните ножици за леваците е како да треба да облечете чевел на лактот. Па затоа морате да ги држите ножиците како огромни ножици за жива ограда за да ја скратите хартијата за завиткување за 2 сантиметри и понатаму да не ви раскажуваме доволно е да кажеме „Божиќ е уништен!“

8-borbi-koi-samo-levicarite-vistinski-kje-gi-razberat-2


3. Користењето на молив значи дека ќе изгледате делумно како робот потоа

Извинете што задниот дел од мојата рака изгледа како да сум го удирал Робокап сè додека не почнала да истекува течност од неговата глава, но за жал користев молив пред 2 часа и ќе ми биде потребен половина бојлер топла вода и сапун за да го исчистам ова.

8-borbi-koi-samo-levicarite-vistinski-kje-gi-razberat-3


4. Тетратките со спирала се олицетворение на ѓаволот

Постои ли подобра мотивација за пишување од тоа да имате мала извиткана спирала која целосно ви ја разорува раката и се обидува да стане дел од неа? Тоа е како да се обидувате да убиете змија бавно задушувајќи ја со подлактицата, но змијата е направена од метал и може да каса со целото тело.

8-borbi-koi-samo-levicarite-vistinski-kje-gi-razberat-4


5. Кога конечно ќе забележат дека сте левак сите реагираат како да откриле магичен трик

„Дали си... ЛЕВАК?“ Не знам зошто луѓето како да откриле ново светско чудо, но секогаш кога некој ќе забележи дека си левак, реакцијата е иста. Сигурно ќе предизвикате помала реакција, ако тргнете да си одите со автомобилот од паркингот заборавајќи го новото столче кое го купивте ни помалку ни повеќе туку на самата хауба.

8-borbi-koi-samo-levicarite-vistinski-kje-gi-razberat-5


6. Секогаш мораат да ви раскажат за нивниот пријател кој, замислете, е исто така левак

Следната фаза по забележувањето на тоа дека сте левак е раскажувањето и поврзувањето со нивниот пријател или познаник кој исто така е левак. „О, ти си левак? Исто и внукот на снаата на мојата золва!“ Прво не знам ни како ги познавате роднините до таа линија, и второ што очекувате да одговорам на тоа? Ви благодарам? Го сакам него? Ве сакам вас? Не постои одговор кој е во ред освен лажно воодушевување.

8-borbi-koi-samo-levicarite-vistinski-kje-gi-razberat-6


7. Видео-игрите се нешто кое во никој случај не е осмислено за вас

Со обичниот контролер можеби нема да имате поголеми проблеми, но со игрите како „Guitar Hero“ и „Rock Band“ подгответе се за вистинска борба. Додека сите други удираат по магичните тактни црти собирајќи поени, вие си седите настрана осамени, бидејќи за да ги достигнете нивните поени треба да допрете до дното на гитарата. Исто така можете слободно да го фрлите и Xbox-от и тоа од што поголема височина бидејќи ситуацијата и со него е иста.

8-borbi-koi-samo-levicarite-vistinski-kje-gi-razberat-7


8. Тие глупави острилки ви го уништија животот

Обидот да наострите молив во основно училиште е еднаков на зашрафувањето вентил во празно. Вртите и вртите за на крај вентилот да ви остане во раката исто како и скршениот молив.

8-borbi-koi-samo-levicarite-vistinski-kje-gi-razberat-8

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лошите и добри страни на работата од дома, низ 16 забавни илустрации Марфиевиот закон за сите што работат од дома гласи: „Ако излезете до продавница ...
9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...
Каков ракопис имале познатите историски жени: Мерилин Монро неразбирлив, кралицата Елизабета I - вез... Мерилин Монро имала ракопис кој аналитичарите го поврзувале со нејзината анксиоз...
9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
Строгите правила што мора да ги следат членовите на кралското семејство кои сакаат да се разведат Ако разводот се смета за нешто лошо и срамно, за британското кралско семејство е...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...

Најчитани неделава