Повеќекратни оргазми, изразување чувства: 18 работи за кои мажите им завидуваат на жените

На AskReddit  било објавено прашање: „На што најмногу им завидувате на жените?“, а одговорите се и повеќе од интересни.

povekjekratni-orgazmi-izrazuvanje-cuvstva-18-raboti-za-koi-mazite-im-zaviduvaat-na-zenite-01

Дали можете да претпоставите што сè изјавиле мажите?

1. Повеќекратни оргазми – „ПОВЕЌЕКРАТНИ ОРГАЗМИ!!!“

2. Внатрешен полов орган – „Им завидувам на жените, бидејќи нивниот полов орган е внатре. Навистина им завидувам, пенисите се ужас.“

3. Немаат јавни ерекции – „Жените можат да бидат сексуално возбудени во јавност без очигледното испакнување во пантолоните.“

4. Носат шминка – „Шминка. Моментално ја гледам девојка ми како ги шминка сестра ѝ и нејзината другарка за некоја забава и трансформацијата е неверојатна.“

5. Долга коса – „Колку само ќе беше забавно да можев да имам долга коса без да треба да се правдам пред луѓето кои ги прашуваат истите глупави прашања одново и одново.“

6. Не ејакулираат – „Немаат ејакулација при оргазам. Проклети среќнички!“

7. Се лигават за бебиња и кутриња – „Жените полудуваат кога ќе видат слатко бебе или куче. Јас треба да стојам и да се смешкам додека во мене се радувам како дете на кое му купиле нова играчка.“

8. Женски пијалаци – „Колку само би сакал да порачам Cranber без да изгледам како слабак. Женските пијалаци се вкусни.“

9. Смеат да ги изразат своите емоции – „Жените смеат јавно да ги искажуваат нивните чувства без постојано да се грижат дали се морничави околу нивните пријателки, иако и тие го прават истото. Не се осудувани затоа што сакаат да ги искажат своите емоции, особено пред блиските другарки. Имаат можност да работат со мали деца без луѓето да се сомневаат дали се педофили. Можат удобно да носат фустани.“

10. Облека – „Жените имаат огромен избор на облека, а јас треба да се придржувам до тоа дали имам пантолони или шорцеви како опција.“

11. Сексот продава  – „Им се восхитувам на жените кои живеат од продавање на користени гаќички. Никој не ги сака моите :/.“

12. Клиторис – „Клиторисот изгледа многу забавно. И јас сакам да го имам.“

13. Имаат предност при животно-загрозувачки ситуации – „Прво жените и децата. Еј, можеби и јас сакам да живеам?“

14. Голема мрежа на поддршка – „Машко сум и имам проблеми. Немам со кого да зборувам за нив. Изгледа дека девојките имаат поголеми шанси за да зборуваат со некој.“

15. Не се сметани како потрошен материјал – „Затоа што сум маж јас сум потрошен материјал. Сакале или не, жените се сметани како послабиот пол. Тие добиваат заштита додека мажите се задолжени да ги заштитат. Ако има чамец за спасување со 5 седишта и јас сум еден од тие 6 луѓе на бродот кој тоне, јас тонам со бродот. Ако има Трета светска војна, од мене се очекува да се пријавам. Добро, да бидеме реални, не поминувам толку време на брод и веројатно (се надевам) дека нема да има уште една светска војна. Но, ова сепак не чини.“

16. Смеат да плачат – „Смеат да плачат и да ги контролираат ситуациите онака како што тие сакаат.“

17. Не се нервозни поради сексуален перформанс – „Жените не чувствуваат притисок кога имаат секс. Тие уживаат додека јас сум под притисок за да ја задоволам/ да издржам доволно долго.“

18. Еден збор – „Гради.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...
Татковци најмуваат проститутки за нивните синови, дрога на секој чекор – Мрачната страна на туризмот... Покрај зеленилото, плажите, културата и вкусната храна, Тајланд има и друга стра...
Дехидрирана крв, пресадена рожница: Фотки кои покажуваат колку е чудно човечкото тело Сте виделе и како изгледа дехидрирана крв или, пак, рендгенска снимка од бебешка...
Лошите и добри страни на работата од дома, низ 16 забавни илустрации Марфиевиот закон за сите што работат од дома гласи: „Ако излезете до продавница ...
11 фотографии полни со љубов, кои ќе ве разнежат Сопруг кој спие во воз, блискоста на луѓето и нивните мисленици - некои фотограф...
10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...

Најчитани неделава