Виена е најдобар град за живеење - Лондон, Париз и Њујорк под 35-то место

Едно истражување открива дека според социо-економските услови, главниот град на Австрија е број 1 место за живеење, додека пак, Лондон, Париз и Њујорк не се ниту меѓу првите 35 градови на листата.

viena-e-najdobro-mesto-za-ziveenje-london-pariz-i-njujork-pod-35-to-mesto-001.jpg

Виена е најдобриот град за живеење, Багдад е најлошиот, а Лондон, Париз и Њујорк не се ниту меѓу првите 35 градови од листата која е направена по интернационалното истражување за квалитет на животот.

Градовите во кои се зборува претежно на германски јазик доминираат на листата „18th Mercer Quality of Life“. По Виена следуваат Цирих, Минхен, Дизелдорф и Франкфурт меѓу 7-те најдобри градови за живеење во светот.

Париз се наоѓа на 37-то место, Лондон на 39-то, а Њујорк на 44-то место.

Истражувањето по кое е направена листата ги проучува социјалните и економските услови, здравјето, образованието и општата средина во која живеат луѓето во одреден град.

32-годишна жена родена и растена во Виена, Хелена Хартлоер, вели дека воопшто не е изненадена што нејзиниот град е на прво место.

„Живеам во стан од 100m2 близу центарот на градот и плаќам 800 евра месечно, таков град во Лондон нема да го најдете за помалку од 2.000 фунти месечно“ - вели Хартлоер.

„Исто така, имаме одличен јавен превоз кој работи 24/7 и за викенди и чини само 1 евро на патување“ - додава.

Топ 10 градови за живеење:

1. Виена

2. Цирих

3. Окленд

4. Минхен

5. Ванкувер

6. Дизелдорф

7. Франкфурт

8. Женева

9. Копенхаген

10. Сиднеј 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...
Трикови и совети кои ќе ви помогнат да заштедите (ги применуваат и богаташите) Ако во моментот имате многу пари, не значи дека треба да ги потрошите сите на ск...
5 можни причини зошто домот ви е во хаос, а не се мрзеливост Имате депресија или можеби минувате низ голема животна промена – ако хаосот во д...
6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
11 фотографии полни со љубов, кои ќе ве разнежат Сопруг кој спие во воз, блискоста на луѓето и нивните мисленици - некои фотограф...

Најчитани неделава