Чудниот пат во Франција кој исчезнува под вода двапати дневно

Пасаж ду Гоа е пат кој го поврзува заливот со островот Нуармутие во Франција. Интересно е што овој пат поголем дел од времето се наоѓа под вода.

Ovoj-cuden-pat-vo-Francija-isceznuva-pod-voda-dvapati-dnevno-01

Заради плимата која надоаѓа луѓето може да возат по него двапати во денот и тоа само по неколку часови пред тој повторно да биде прекриен од надојдените бранови.

Во 1701-та година за првпат овој пат бил означен на мапите за патување. Околу 1840-та година започнала да се обезбедува редовна превозна линија која се состоела од превоз со автомобил или јавање на коњи. Денес патот е долг околу 4 километри.

Овој навидум обичен пат е всушност екстремно опасен. На двете страни се поставени посебни панели, кои ви кажуваат дали патот е прооден или не.

Сепак, секоја години многу авантуристи заглавуваат во водите на плимата која доаѓа речиси одеднаш. За тие кои ќе се најдат меѓу брановите изградени се кули за спасување по самата должина на Пасаж ду Гоа.

Па кога ќе заглавите меѓу брановите единственото што ви преостанува е да се качите на овие кули и да чекате додека да ве спасат или плимата се повлече. Исто така ќе треба да се збогувате и со вашиот автомобил.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои (речиси) биле киднапирани ги споделуваат морничавите искуства „Бев многу мал и всушност не ни бев свесен дека сум киднапиран, бидејќи ја знаев...
6 знаци дека треба да избегнете некој ресторан кога сте на одмор – веројатно е „туристичка замка“ Имаат вработено личност која „собира“ гости од улица или се наоѓа веднаш до позн...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
14 креативни (и по малку бизарни) производи, што ќе сакате да ги купите веднаш Од сапун со мирис на сланина, преку плишан мајмун - држач за влажни шамивчиња, д...
8 пронајдоци од TEMU, за сите кои сакаат дома да им биде под конец Дали се нервирате кога има работи расфрлани по шанк или маса, или кога висат каб...
Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...

Најчитани неделава