Сите 44 типови на мажи кои некогаш ќе ги сретнете во животот

Веројатно ќе се согласите дека мажите имаат свои мали карактеристични однесувања кои понекогаш ви се допаѓаат, а понекогаш сериозно ве иритираат.

site-44-tipovi-na-mazi-koi-nekogash-kje-gi-sretnete-vo-zivotot-01.jpg

Па според нивните однесувања, веројатно ќе се согласите дека на светов постојат 44 типови на мажи:

1. Типот на маж кој постојано ве прашува дали ви е студено и кажува работи како „секогаш ќе те топлам“, но има некој далечен поглед што ве тера да помислите дека воопшто не му е важно дали ви е ладно.

2. Оној тип на маж кој никогаш не може да стои до планови, но во 1 часот наутро ќе ви пише порака: „Каде си? ;)“.

3. Типот на маж кој ќе ви ја држи вратата отворена, а потоа ќе се чувствува повредено зошто не го гледате заљубено.

4. Оној маж кој целата своја личност ја има изградено на основа на неговите мислења за кафето.

5. Тип на маж кој е изненаден кога жена нарача пиво, а потоа бара нејзино мислење за некоја берба од 2004-та година како тоа да ве интересира.

6. Тип на маж кој чита на јавни места и ја држи книгата високо, така што секој што поминува ќе забележи дека е љубител на сериозната литература.

site-44-tipovi-na-mazi-koi-nekogash-kje-gi-sretnete-vo-zivotot-1.jpg

7. Оној тип на маж кој себеси се нарекува метеросексуалец затоа што сака да употребува млеко за тело.

8. Оној маж кој вашата мајка многу го сака, па сте во врска со него само затоа што таа ќе биде со скршено срце ако раскинете.

9. Оној со сјај во очите.

10. Оној тип на маж кој ретко ги менува чаршафите, но се во таква боја никогаш да не бидете сигурни колку се валкани.

site-44-tipovi-na-mazi-koi-nekogash-kje-gi-sretnete-vo-zivotot-2.jpg

11. Тип на маж кој ќе ве праша дали сте на диета, ако случајно нарачате салата.

12. Оној тип на маж кој еднаш во животот бил во Тајланд, а оттогаш носи тенка бела ленена кошула.

13. Тип на маж кој постојано зборува за филмови и ако случајно му кажете дека некој филм не сте го погледнале ќе ви каже „Не можам да поверувам дека не си го гледала филмот, не си живеела“ само затоа што не сте го гледале филмот.

14. Оној кој ќе ви каже дека не треба да се покажувате пред него ако случајно му кажете дека сте направиле нешто добро тој ден, како да сте го кажале тоа само за да го импресионирате него.

15. Тип на маж кој вози велосипед од 1.000 евра за 25-минутно патување до работа.

16. Оној тип на маж кој не само што вози велосипед на работа, туку и носи хеланки од ликра.

17. Оној со ланче со школка.

18. Тип на маж кој сака да нарача за вас.

19. Оној кој ќе ви каже: „Не гледам телевизија“.

20. Тип на маж кој целиот викенд сака да го помине во планинарење на Водно или други планини и сака да го правите тоа заедно со него.

21. Типот кој знае да зборува на француски или италијански.

22. Типот со мачка.

23. Типот кој сака да ви покажува фотографии од неговата мачка.

24. Типот кој сака да ви покажува фотографии од неговата мачка и со кој ќе се венчате на пролет.

site-44-tipovi-na-mazi-koi-nekogash-kje-gi-sretnete-vo-zivotot-3.jpg

25. Оној тип маж кој е толку секси, што не ви се верува дека е природен.

26. Оној тип на маж кој ви нуди цигара иако знае дека не сакате и не пушите цигари.

27. Оној кој мора да вози брзо за да ве импресионира.

28. Типот кој носи торбичка и мисли дека е прогресивен.

29. Оној кој ќе ви се налути ако немате секс само затоа што цела вечер ви објаснувал дека е феминист.

30. Типот на маж кој ќе ви раскине затоа што „по се изгледа сакате сериозна врска, а тој едноставно не е подготвен за тоа“ иако сè што сакате од него е да бидете заедно извесен период.

31. Оној кој фармерките ги носи спуштени и 90% од задникот му се гледа.

32. Оној кој кога ќе седнете во ресторан ја нарачува најлутата порција и од тоа прави спектакл, а потоа му се жали на келнерот дека не била доволно лута.

33. Оној кој мора да се чеша таму доле, постојано и во јавност.

site-44-tipovi-na-mazi-koi-nekogash-kje-gi-sretnete-vo-zivotot-4.jpg

34. Тип на маж кој ви испраќа фотки на Snapchat од кучиња без коментари.

35. Оној маж кој е убав и интелигентен, но никогаш не смеете тоа да му го спомнете бидејќи ќе му го напумпате егото.

36. Оној кој се возбудува додека ве бакнува.

37. Типот кој вели дека добра музика е хаусот.

38. Оној кој ви вели дека „не сте како другите девојки“ и ве тера да помислите дека никогаш претходно не запознал, ниту разговарал со девојка.

39. Оној кој сакате да го следите, но не можете, бидејќи ретко објавува на Фејсбук, Инстаграм или Твитер.

40. Оној чии раце изгледаат добро кога готви.

41. Тип на маж кој мора да си стави виски, но никогаш не го допива и на крајот става целофан за да не мора да го фрли.

42. Оној кој е добар работник и го почитувате за тоа. Добар работник и ништо повеќе.

43. Оној кој мора да спомне дека дипломирал.

44. Типот кој само сака да биде сакан.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарни методи за утврдување бременост што се користеле во минатото Од проверување на бојата на женските гениталии, до уринирање врз јачмен и пченка...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...
6 психолошки трикови кои секогаш функционираат Направете пауза, макар и од минува-две пред да донесете одлука, а кога некој ви ...
Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2025-та? Трагедијата што ја погоди Македонија остави голема трага врз 2025-та, но никогаш...
Се заглавиле во подводна цевка за нафта, никој не ни пробал да ги спаси: Детали за најморничавата ну... Во 2022 година, пет искусни нуркачи требало да поправат цевка за нафта на платфо...

Најчитани неделава