Зошто ги затвораме очите додека се бакнуваме?

Дали некогаш сте се запрашале зошто ги затвораме очите додека се бакнуваме? Ново истражување објаснува зошто се случува тоа.

zoshto-gi-zatvarame-ocite-dodeka-se-baknuvame-01.jpg

Според психолозите Поли Далтон и Сандра Марфи, чие истражување е објавено во списанието „Journal of Experimental Psychology: Human Perception and Performance“, велат дека тешко му е на нашиот мозок да се концентрира на други стимуланси.

Односно, визуелните стимуланси само го деконцентрираат мозокот од чинот на бакнување, па затоа имаме потреба да ги затвориме очите и да се препуштиме на физичкиот контакт.

Истражувањето било направено на тој начин што на група испитаници им била дадена задача да се концентрираат на различни букви притоа, благи вибрации биле пуштани на нивните раце.

Откриле дека испитаниците не се концентрирале на вибрациите кога истовремено визуелно ги пребарувале буквите, бидејќи нивниот ум бил сконцентриран на визуелниот стимуланс.

Истото важи и за бакнувањето. Не би се чувствувале така добро, доколку гледаме што се случува наоколу.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон правила кои ќе ве спасат од непријатни ситуации (да не оставите впечаток на вулгарна и некулт... Не одете во ресторани покрај плажа само по костим за капење, оставајте го јавнио...
Колку пари навистина имал Пабло Ескобар (и како ги трошел)? „Знам дека Пабло заработуваше толку многу кеш, што секоја година, губеше околу 1...
Каков ракопис имале познатите историски жени: Мерилин Монро неразбирлив, кралицата Елизабета I - вез... Мерилин Монро имала ракопис кој аналитичарите го поврзувале со нејзината анксиоз...
Хурем Султан, Вивиен од Pretty Woman - Како би изгледале познатите женски ликови без шминка? Некои женски филмски ликови се многу специфични поради шминката што ја носат. Но...
16 црвени знаменца кои укажуваат дека си имате работа со нарцисоидна личност Ви ѕвонат без престан стопати ако не кренете веднаш. Ве сметаат како нивно продо...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...

Најчитани неделава