Наједноставната тајна како да заштедите пари

Живееме во време каде за сѐ постои некаков трик или брз совет. Триковите се возбудлив начин да решите проблем и да постигнете некоја цел без разлика што е тоа – може да биде убав изглед на стар мебел или побрз раст на косата.

najednostavnata-tajna-do-steknuvanje-i-zacuvuvanje-na-bogatstvoto-01

Но, понекогаш, решението на вечниот проблем – како да бидете и да останете богати е најдобро решен преку промена во размислувањето.

Според весникот Тајм, најдобрата тајна за осигирување на лично богатство е повеќе поврзано со тоа како го живеете животот од ден за ден, отколку што работите за да преживеете.

Тајната на богатството е да трошите помалку од тоа што заработувате

Според Тајм, „колку е поголема разликата помеѓу заработката и потрошувачката толку побрзо ќе сфатите што сакате од животот“.

Овој предизвик се согледува кај луѓе кои вие ги сметате дека се богати, но всушност не се. Всушност тие се блиску до долгови. Како што вели весникот, „Овде, најважно е да редефинирате што значи да се биде богат“.

Животот во дом кој долгорочно може да си го дозволиме, одмори кои нема да предизвикаат колапс на банкарската сметка и да возиме автомобили кои служат за нивната цел – ова се дел од начините на размислување кои го поддржуваат овој одговорен пристап.

Ако кимате со главата и се сложувате со напишаното, погледнете на што вие трошите пари и размислете за намалување на дневните трошоци.

Тргнете настрана дел од бонусите или унапредувањето. Живејте го животот како да заработувате барем малку помалку пари отколку што навистина заработувате и верувајте ни, веднаш ќе заштедите.

Можеби ова не е најреволуционерниот трик кој постои, но клучот се крие во неговата едноставност. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази од ситуации кога природата создала магични моменти Замислете – кршите јајце и од него излегуваат две жолчки. Или очекувате огромна ...
Фото-докази дека живееме во „бетонски“ урбан пекол Огромни згради, сивило и ниту едно дрво – дали сите поголеми градови ги претвора...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2025-та? Трагедијата што ја погоди Македонија остави голема трага врз 2025-та, но никогаш...
„Јапонија е ужасна за одмор со деца – не нè пуштаа во ресторани, нè бркаа од такси“ „За време на нашето двонеделно патување, веќе престанав да бројам колкупати враб...
„Се разбудив за време на операција – немаше болка, но ги чувствував рацете на хирургот во стомакот“ Многу луѓе се плашат од можноста да се разбудат среде операција. Ако и вие спаѓа...

Најчитани неделава