Забрането фотографирање на зајаци од јануари до април: Бизарни американски закони

Законите мора да се почитуваат, но кога се бесмислени и нелогични како овие 25 во Америка, не можете да не ги поткренете веѓите од зачуденост.

zabraneto-fotografiranje-na-zjaci-od-januari-do-april-bizarni-amerikanski-zakoni-01.jpg

Замислете законска забрана за јадење лижавчиња, скокоткање или забрането објаснување на поимот полигамија.

Сѐ што можеме да констатираме е дека овие држави имаат навистина смешни проблеми...

1. Во Ајова пијанистите со една рака мораат да ги изведуваат мелодиите бесплатно.

2. Во Северна Каролина е нелегално бингото да трае подолго од 5 часа.

3. Во Алабама не смеат да се носат лажни мустаќи доколку истите предизвикуваат смеа во црква.

4. Во Вајоминг е нелегално да фотографирате зајак во периодот од јануари до април, освен ако не поседувате специјална дозвола.

5. Во Илиноис смеете да купите и консумирате алкохол доколку сте студент на кулинарски институт, иако не сте полнолетен според американскиот закон, односно немате 21 година.

6. Во Њу Хемпшир е нелегално да се пуштаат филмови во кината пред 14 часот.

7. Вредноста на Пи(π) според законот во Индијана е 3, наместо 3.14159.

8. Во Северна Каролина не смеете да играте со флипери доколку сте помлади од 18 години.

9. Во Индијана е забрането да присуствувате на јавен настан или да го користите јавниот сообраќаен превоз во рок од 4 часа откако сте јаделе лук или кромид.

10. Во Ајдахо не смеете да подарите чоколадна бонбониера потешка од 22.5kg.

11. Во Алјаска е забрането да разбудите мечка само за да ја фотографирате.

12. Во Канзас е забрането да бојадисувате живи патчиња, зајачиња или пиленца.

13. Во Мејн е казниво да имате новогодишни украси и декорации по 14-ти јануари.

14. Во Вирџинија скокоткањето на жена може да резултира во апсење.

15. Во Минесота не смее да се користи златна рипка како мамец, затоа што е казниво со закон.

16. Во Вашингтон лижавчињата се забранети.

17. Во Аризона може да ве осудат до 25 години затвор доколку исечете кактус.

18. Во Тенеси следува казна доколку го споделите вашиот пасворд за Нетфликс.

19. Во Оклахома е забрането да се борите со мечка.

20. Во Вермонт намерното убиство на птица со авион е казниво.

21. Во Орегон не смеете да ловите животни на гробишта.

22. Во Јужна Дакота спиењето во фабрики за сирење е забрането.

23. Во Северна Дакота продажбата на пиво и переци истовремено е забранета.

24. Во Мисисипи е забрането да се објаснува поимот полигамија.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 реални ситуации што може да ви се случат кога ќе отидете во продавница „само по леб“ Одите во продавница по пижами со надеж дека нема да сретнете никој познат или со...
„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гле...
Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тро...
Како изгледа животот со Туретов синдром – Ја опцу кралица Елизабета во лице, кажа навреда на BAFTA Џон Дејвидсон е лице со Туретов синдром поради што неволно испушта крици и кажув...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...

Најчитани неделава