Зачувајте го овој текст за моментите кога ќе се изморите од тоа дека мора да бидете „најубави“

Каде и да свртите, сите ни препорачуваат дека можеме да бидеме поубави, дека можеме да изгледаме подобро ако се потрудиме, ако носиме соодветна облека, ако имамe добра шминка...

Zacuvajte-go-ovoj-tekst-i-procitajte-go-koga-kje-vi-se-smaci-od-porakata-deka-mora-da-bidete-najubava-01

Можеме да станеме поубави ако промениме нешто овде, нешто онде, само за да го достигнеме она што е прифатено како општ стандард за убавина, сосема доволно да не бидеме свои и да го изгубиме она што нè прави посебни.

Но знаете што? Заборавете на сето тоа. Не морате да бидете најубави. Што и да ви каже некој за вашиот изглед, не морате да го менувате ако истиот ве прави несреќни.

Ако вие се доживувате како убава личност ниедно друго мислење не е воопшто важно. Бидете тоа што сте и правете ги работите кои ги сакате. На крајот на краиштата постојат стотици други работи кои можете да ги правите наместо постојано да водите сметка да бидете најубави.

Бидете диви. Бидете личност со слободен дух, чија душа не може да ја скроти ни цела војска.

Бидете интелигентни. Прочитајте ги сите книги кои ќе ви дојдат до рака, влегувајте во дискусии, откривајте нови нешта, прашувајте за сè што не знаете, и не запирајте додека не дојдете до одговорот...

Бидете борец. Борете се за себе но и во име на луѓето кои немаат толку силен глас и никој не може да ги чуе. Борете се силно за она што го сакате и верувајте... еден ден соништата ќе станат реалност.

Бидете љубезни. Добрината е квалитет кој во денешно време станува сè поредок. Не дозволувајте овој квалитет залудно да го носите во себе и покажувајте го секогаш кога имате можност за тоа.

Бидете искрени. Исто како и љубезноста, искреноста е нешто кое сè повеќе изумира. Не заборавајте најубаво се спие со мирна совест.

И за крај бидете силни, забавни, духовите, предани, по малку луди, спонтани, креативни, вредни, непредвидливи, едноставно бидете сè што си ветивте дека ќе бидете кога бевте деца.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку брзо и драстично се менува светот околу нас, низ илустрации Со машините за алишта, за садови и робот правосмукалките, домашните обврски ни с...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
13 носталгични фотки кои ќе ве вратат во детството (време кога дури и светот мирисаше поинаку) „Со сопругот ненајавени отидовме кај свекрва ми. Беше време за ручек, па извади ...
Грешки со кои несвесно (и непотребно) си создавате стрес на летниот одмор Правите натрупан распоред за секој ден наместо да се релаксирате и имате нереали...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Нерешени“ мистерии кои (веројатно) имаат научно објаснување Знаевте ли дека круговите во жито за кои многумина верувале дека се направени од...

Најчитани неделава