Денес е светски ден на хаику поезијата

Den_na_haiku_poiezijata_2.jpg

17 април е прогласен за интернационален ден на овие јапонски поеми, кои најчесто ја опишуваат природата, со силна емотивна присутност во кусата содржина.

Фокусот на творците на хаику поемите обично е насочен кон секојдневни, обични, речиси безначајни процеси.

Хаику песната според правилото треба да е составена од 3 стихови и 17 слогови, во формација 5-7-5 (5 слогови во првиот стих, 7 слогови во вториот и повторно 5 во последниот стих).

Идејата на седумнаесетте слогови е да го поттикнат читателот да го доживее она што го почувствувал поетот.

deneska-e-svetski-den-na-haiku-poezijata-1.gif

Важно е да се напомене дека хаику поезијата нема рима, тематски е неограничена, освен фактот што редовно се употреба збор што упатува на кое годишно време се однесува поемата.

Зборот не мора да биде детерминирачки праволиниски, во смисла пролет, лето, есен, зима, туку може да се употребат одредени именки или придавки кои ќе асоцираат на годишното време.

Па така, цутот на црешата ќе ја смести хаику песната во пролет, или мразот и снегот во зима, итн.

deneska-e-svetski-den-na-haiku-poezijata-2.gif

deneska-e-svetski-den-na-haiku-poezijata-3.gif

Преводот на хаику поемите претставува вистински предизвик за лингвистите, со цел да се задржи строго утврдената форма на овој древен поетски израз, а воедно и поради фактот што јапонскиот јазик е многу побогат и поколоритен од европските јазици, особено во поглед на квантитетот на зборови кои опишуваат впечатоци, емоции или атмосфера.

Се вели дека оној кој во текот на животот ќе создаде три или пет хаику песни, е хаику поет.

Оној кој ќе напише десет хаику поеми, е мајстор.

Инспирирајте се од хаику песните на македонскиот автор Жарко Кујунџиски и обидете се да создадете своја.

Ливче-акробат
од оградата виси
стара пајажина.

Врз прегорена
светилка стои светулка
се разденува.

Свири чајникот
како воз што пристига
од далечини.

Две штипки сами
на жицата виснати
бавно паѓа ноќ.

Стотици црви
се валкаат на подот
реси од тепих.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Строгите правила што мора да ги следат членовите на кралското семејство кои сакаат да се разведат Ако разводот се смета за нешто лошо и срамно, за британското кралско семејство е...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага Сликата „Мона Лиза“ која денес се проценува на повеќе од една милијарда долари, ...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Цела зима нема достава на намирници, алкохолот беше забранет поради насилство: Животот во најизолира... Неодамна, жителите на гратчето Тасилак на Гренланд го испратија последниот товар...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...

Најчитани неделава