6 работи за кои сфатив дека сум престара, а веројатно сте и вие

Повеќе од половина од мојот живот го поминав потпирајќи се на мислењето на погрешни луѓе.

6-raboti-za-koi-sfativ-deka-sum-prestara-a-verojatno-ste-i-vie-01.jpg

Сега, кога ја наполнив 40-та години, ги сфатив вистинските вредности на животот.

Сфатив дека сум престара за овие 8 работи кои ме спречуваа цел живот:

1. Престара сум за да молчам

Веќе не сакам да молчам кога некој ќе каже нешто што не ми одговара. Не сакам да климам со главата или да се сложувам со секој глупав и самодоволен човек. Не сакам да молчам пред неправдата. Кога ќе видам дека нешто не е во ред, сакам да викам на цел глас, затоа што животот е прекраток за да се молчи за неправдата.

2. Престара сум за да се грижам како им изгледам на другите

Веќе со години им завидувам на мажите, затоа што не мораат секој месец да се фарбаат за да ги покријат белите влакна. Мажите не мораат наутро да ги покриваат подочниците со килограм пудра.

Но, сега сум доволно стара за да знам дека сум најубава таква каква што сум создадена. Имам брчки и не им се знае бројот, но дури сега, со нив сум задоволна како изгледам.

3. Престара сум да имам ситни мали гревови

Сега сум доволно стара за да имам само гревови. Чаша вино секоја вечер, затоа што тоа е мојата молитва. Сладоледот во недела го преименував во грев – сладолед секој ден. Така што сега уживам во моите гревови кои веќе не ги нарекувам мали, затоа што апетитите ми пораснаа.

4. Престара сум за да се извинувам за нередот низ дома

Нередот низ дома го имам затоа што имам многу попаметни работи од тоа да чистам. Сосема сум помирена со тоа што домот не ми изгледа „како аптека.“

5. Престара  сум за да се дружам со луѓе кои не ми одговараат

Зашто да трпам некој кој ми ги вади нервите? Имам доволно години за да знам кој ми одговара, а кој не. Оној кој не ми одговара – не сакам повеќе да го видам. И не се извинувам заради тоа.

6. Престара сум за да го барам доброто во секој човек

Зошто да губам време? Сите луѓе не се добри. Едноставно е – ако некој направил нешто лошо, нема шанси повеќе да го оправдувам. Делата зборуваат. Сега сум доволно стара за да кажам „драги, ти не си добра личност“ и да продолжам понатаму.

Би можело да ве интересира:

10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...
10 особини кои ја откриваат жената што имала животни предизвици (и е вистинска лавица) Оваа жена научила дека сопствениот мир е важен. Затоа знае кога да каже „не“ и н...
5 навики за среќен и исполнет живот што можеме да ги научиме од Италијанките Уживајте во храна со јаглехидрати, како пица, но комбинирајте ја и со свежи прод...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...
Што се случуваше во првите месеци од 2020-та, пред самиот почеток на пандемијата? Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа, Џеј Ло беше во врска со Алекс Родр...
Бизарни методи за утврдување бременост што се користеле во минатото Од проверување на бојата на женските гениталии, до уринирање врз јачмен и пченка...

Најчитани неделава