8 работи кои секоја жена треба да ги има во својот автомобил

Денес жените, иако можеби мажите нема да се сложат, се прилично вешти и внимателни возачи, а со оглед на тоа што автомобилите сè почесто ги употребуваме, потребно е во нив да имаме и неколку неопходни работи.

8-raboti-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-avtomobil-01.jpg

Без разлика на тоа колку е кратко вашето следно патување со автомобил, во истиот потребно е да имате 8 работи:

1. Торба со СОС алатки

Консултирајте се со искусно лице како да го користите алатот во итни и непредвидени ситуации на кои можете да наидете. Нема ништо лошо во тоа да научите како да замените гума, бришач...

2. Вода

Во автомобилот, барем едно шише со вода треба постојано да биде покрај вас.

3. Ситни парички

Плаќање на паркинг или некоја друга потреба, нема ништо лошо во тоа постојано да имате неколку книжни банкноти или ситни парички за да ви се најдат на патот.

4. Марамчиња

Влажните марамчиња се секогаш добредојдени, без разлика на тоа што треба да избришете во моментот, истурено кафе или дамка од гориво.

5. Ластик за коса

Ветер, по тренинг во теретана, никогаш не мора да се чудите како да си ја заврзете косата, ако често го употребувате автомобилот добро е во него секогаш да имате барем еден ластик за врзување на косата.

6. Четка за заби + конец

За оние моменти кога излегувате од работа и ве очекуваат важен состанок или дружење секогаш понесете си со себе четка за заби и конец за брзо освежување.

7. Полнач за мобилен

Секогаш треба да имате резервен полнач, посебно во автомобилот.

8. Чадор

Зошто да не чувате резервен чадор во багажникот од вашиот автомобил? Никогаш не знаете кога може да почне да врне.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...
Импресивни и уникатни работи што може да ги видите во земјите ширум светот (фото) Смешна реконструкција на скелет на изумрено животно, граница меѓу две држави кој...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
16 новогодишни декорации од TEMU до 500 денари - ќе ви внесат магија во домот Некои работи ќе ве чинат 100 денари, некои 500, но дефинитивно може да најдете с...

Најчитани неделава