Со откажување од Фејсбук ќе се ослободите од стресот и ќе бидете посреќни

Социјалните мрежи знаат да направат да се чувствуваме како да немаме никаква приватност, бидејќи речиси секој аспект од нашиот живот го споделуваме со остатокот од светот.

so-otkazuvanje-od-fejsbuk-kje-se-oslobodite-od-stresot-i-kje-bidete-posreljni-01_2.jpg

Но, каков е ефектот на социјалните мрежи над нашите ментално здравје и добросостојба? Дали овие страни прават да се чувствуваме депресивни?

Истражувачите од Институтот за истражување на среќата во Копенхаген решиле да откријат.

Оформиле група од 1.095 Фејсбук корисници и ги поделиле во две групи. Првата група и понатаму продолжиле со употреба на Фејсбук, додека другата група, морале веднаш да се откажат од оваа социјална мрежа.

Резултатите покажуваат дека само по една седмица, 88% од групата која престанала да го користи Фејсбук, биле посреќни, наспроти останатите 81% кои сè уште ја употребувале интернет страната.

Исто така, изјавиле дека биле помалку гневни, депресивни и наместо тоа, биле полни со ентузијазам, решителност и општо задоволство од животот.

„Луѓето кои користат Фејсбук имаат 39% поголема шанса да бидат помалку среќни од оние кои воопшто не ја користат оваа социјална мрежа“ - се открива во истражувањето.

Понатаму, открива дека имаме тенденција да се фокусираме на тоа што другите имаат, да бидеме љубоморни на тоа колку другите се среќни на Фејсбук или успешни.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 навики кои изгледаат безопасно, но ви ја уништуваат самодовербата Се извинувате за буквално сè и толерирате непочитување, наместо да се одбраните....
8 забавни илустрации - Kолку се разликуваат романтичните филмови од реалноста? Во филмовите, момчето и девојката стојат на дожд и си изјавуваат љубов, а во реа...
Дечко ѝ ја задавил откако му раскинала, поминал само 2 години во затвор: Трагичната судбина на актер... Доминик Дан, која се прослави со улогата во Poltergeist, имала само 22 години ко...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
Рерна за луѓе, лоботомија, лекови со кокаин: Медицината во минатото била како од хорор-филм Во 20-тиот век, шизофренијата се третирала со таканаречена инсулинска шок-терапи...
Луѓето кои биле во култ откриваат кога сфатиле дека се заробени „Мислам дека отсекогаш знаев, но решив да си заминам кога постарите членови ми р...

Најчитани неделава