8 навики кои изгледаат безопасно, но ви ја уништуваат самодовербата
Се извинувате за буквално сè и толерирате непочитување, наместо да се одбраните. Кои навики и однесувања ги сметаме за безопасни, па и знак за учтивост, кога всушност ни ја разнишуваат самодовербата?

Многу работи влијаат врз нашата самодоверба, вклучително и навики и однесувања на кои не обрнуваме многу внимание.
Некогаш овие однесувања сметаме дека се знак за почит или учтивост, кога во реалноста само ни ја поткопуваат самодовербата.
Кои навики можат лошо да се одразат врз вашата самодоверба?
Постојано гледате во телефонот наместо да се социјализирате
Точно е дека оваа лоша навика како да ја прифативме сите.
На секој од нас му се случило да се фокусира на телефонот кога е излезен со друштво, но ова не само што е непочитување кон луѓето кои се со вас, туку може да има влијание и врз вашата самодоверба.
Ако во секое социјално опкружување главниот фокус ви е телефонот, со текот на времето ќе почнете да се чувствувате несигурно кога ќе треба да разговарате со некој.
Самите се критикувате пред другите
Важно е да бидете свесни за вашите недостатоци.
Но, ако постојано се критикувате и се омаловажувате пред другите, ова ќе ја поткопа вашата самодоверба.

Се извинувате за сè
Секако дека треба да се извините кога ќе направите грешка или ќе повредите некој. Но, не треба да се извинувате во буквално секоја ситуација.
Постојаното извинување прави да изгледате несигурно и покажува дека се чувствувате инфериорно во однос на другите. И, со текот на времето ќе се одрази и врз вашата самодоверба.
Следниот пат кога ќе сакате да се извините, прво прашајте се дали навистина сте погрешиле или извинувањето сепак не е неопходно.

Дозволувате другите да ве користат
Кога постојано им удоволувате на другите, оставате впечаток дека вашите потреби и желби не се важни.
Па, во очите на другите, почнувате да изгледате како личност која нема никакви граници.
Ако постојано го правите и ова и дозволувате да ве користат, ќе почнете да мислите дека не заслужувате почит и вашата самодоверба ќе се намали.

