8 навики кои изгледаат безопасно, но ви ја уништуваат самодовербата

Се смеете на навреди насочени кон вас

Постојат луѓе кои сакаат да кажуваат шеги на туѓа сметка или кажуваат навреди прикриени како шега.

Сите треба да знаеме да се пошегуваме на наша сметка, но ако се смеете кога некој пробува да ве навреди преку шега, самите си ја разнишувате самодовербата.

Ако се најдете во ваква ситуација, немојте да се смеете, туку кажете ѝ на личноста дека шегата е навредлива. Не мора да се погазувате за некој да се чувствува добро.

8-naviki-koi-izgledaat-bezopasno-no-vi-ja-unishtuvaat-samodoverbata-06.jpg

Избегнувате контакт со очите

Кога избегнувате контакт со очите, но и кога седите со прекрстени раце и избегнувате да се свртите кон другите, покажувате несигурност и незаинтересираност.

Ако, пак, постојано го правите ова кога сте во опкружување со други луѓе, ќе почне да влијае врз вашата самодоверба.

Како што говорот на телото ги открива вашите емоции, и самото држење на телото може да има влијание врз емоциите.

8-naviki-koi-izgledaat-bezopasno-no-vi-ja-unishtuvaat-samodoverbata-07.JPG

Често си го менувате мислењето

Во некои ситуации, во ред е да си го промените мислењето поради нешто што кажал вашиот соговорник.

Но, ако постојано го правите ова, ќе почнете да се сомневате во вашата способност за расудување и почесто ќе го занемарувате вашето мислење и вашиот став.

И, ќе страда вашата самодоверба.

8-naviki-koi-izgledaat-bezopasno-no-vi-ja-unishtuvaat-samodoverbata-08.jpg

Толерирате непочитување

Ако не реагирате на непочитување, со тоа им давате дозвола на другите да продолжат да не ве почитуваат.

Со текот на времето, за вас ова ќе стане норма, па ќе има влијание и врз самодовербата.

8-naviki-koi-izgledaat-bezopasno-no-vi-ja-unishtuvaat-samodoverbata-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Грешки со кои им ја олеснувате работата на крадците кога сте на патување Не го прицврстување телефонот со ремче или нешто слично додека фотографирате нао...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
10 фотографии каде очекувањата се многу поголеми од реалноста (и ќе се смеете до солзи) „Порачав торта со ликот на Едвард Кален за забава, но слаткарот не ми ја сфати ш...

Најчитани неделава