5 психолошки навики кои ве спречуваат да успеете во животот

Сите сме си најлоши критичари и навистина е лесно да ве опседнат негативни мисли. Но, самодовербата е клуч кој отвора милион врати и токму затоа вреди да ја негувате.

5-psiholoski-naviki-koi-ve-sprecuvaat-da-uspeete-vo-zivotot-1.jpg

За да станете подобри во збогувањето со вашите непродуктивни и самокритични мисли, мора да знаете кои се негативните психолошки навики кои ве довеле до тоа:

1. Ги обвинувате другите

Ако ги користите другите луѓе како жртвено јагне за вашите грешки, тогаш ја пропуштате можноста да научите од вашите грешки. Обвинувањето на другите не само што ве прави незрели, туку и директно ја стагнира вашата еволуција во подобра и поуспешна личност.


2. Се жалите

Исто како што глумата на лажна насмевка ви го подобрува емотивното здравје, така и жалењето ви наштетува. Ако постојано се жалите, луѓето ќе почнат да ве поврзуваат со таа негативност – а, со тоа и да ве избегнуваат.

Постои феномен познат како spontaneous trait transference кој тврди дека придавките кои ги користите за да ги опишете другите луѓе или ситуации всушност се зборовите кои другите луѓе ги користат да ве опишат вам. Со други зборови, без разлика колку сте лути, навредени или го чувствувате било кое друго негативно чувство, обидете да се воздржите и да продолжите понатаму.


3. Зборувате негативно за себе

Ако успеете да го промените односот кон себе, тогаш ќе успеете да го промените односот кон светот. Престанете да си кажувате дека сте неуспешни, престанете да се сомневате во вашите можности, не претпоставувајте дека ќе ја упропастите можноста уште пред да ја зграпчите.

Ако ви е потребно, најдете мантра која ќе ве полни со добра енергија и позитивни мисли.


4. Се противите на промени

Јасно ни е дека промените се страшни и дека непознатото може да ни дојде премногу. Но, промените можат да бидат возбудлива можност исполнета со нови откритија. Ако се противите на промените ќе се затворите и можеби стравот и лутината ќе започнат да ве контролираат сѐ додека целосно не ја изгубите контролата врз вашиот живот.


5. Се опседнувате со минатото

Што и да се случило, се случило. Тоа завршило и поминало и време е да продолжите понатаму. Наместо да се прашувате што згрешивте и да си ги потенцирате неуспесите, пробајте да научите од нив. Убавината на минатото е што тоа завршило. Затоа, широко отворете ги очите и стремете се кон иднината, но не заборавајте да уживате во сегашноста.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дечко ѝ ја задавил откако му раскинала, поминал само 2 години во затвор: Трагичната судбина на актер... Доминик Дан, која се прослави со улогата во Poltergeist, имала само 22 години ко...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Направила сообраќајка, викнала полиција, па исчезнала: Детали за еден од најпопуларните случаи на Ју... Пред нешто повеќе од две децении, Мора Муреј, која инаку била амбициозна студент...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Калиопи пееше на Евровизија, Леонардо ди Каприо освои Оскар: Работи што се случија пред дури 10 годи... Помина цела деценија од Оскарот на Леонардо ди Каприо, но и од смртта на единств...

Најчитани неделава