Зошто понекогаш ви се чини како да паѓате додека заспивате?

Веројатно барем еднаш во животот ви се случило додека заспивате да ви се чини како да паѓате, но дали знаете зошто и како настанува ова чувство? Постои научен одговор за овој феномен.

zoshto-ponekogash-vi-se-cini-kako-da-pagjate-dodeka-zaspivate-001.jpg

Повеќето луѓе кои го искусиле ова чувство тврдат дека им се причинува како да паѓаат во некоја бездна, а потоа брзо се будат исплашени и со силно срцебиење.

Овој феномен е нормален физиолошки процес познат како миоклонус.

Кога спиеме минуваме низ неколку циклуси на сон поделени во четири различни фази. Чувството како да паѓате се случува во првата фаза.

zoshto-ponekogash-vi-se-cini-kako-da-pagjate-dodeka-zaspivate-2.jpg

Постојат неколку теории зошто се случува ова.

Едната е дека, мускулите се релаксираат, а вашиот мозок наеднаш се збунува и мускулите реагираат со брзо стегнување, затоа, се будите нагло и со силно срцебиење.

Други научници велат дека и миоклонусот е уште еден рефлекс кај луѓето кој настанал додека првите луѓе сè уште заспивале на дрвја. За да се спречи оваа прастара навика, настанал рефлексот.

Истражувањата покажуваат дека 7 од 10 луѓе го искусиле ова чувство барем еднаш во животот, но не претставува нешто за кое треба да се грижите, бидејќи е сосема нормална појава и не претставува знак за некаква сериозна медицинска состојба.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Македонија предметите ги чуваме за посебна пригода (и чиниите и чашите и фустанот и свеќата) - Зо... „Изнеси ги чиниите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш топ...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Таинствениот живот на единствениот син на Ал Капоне: Со децении се криел со лажно име Иако некои извори велат дека не му е биолошки син, Ал Капоне имал само љубов за ...
Фотки кои ќе ве потсетат што сè преживеавме за време на пандемијата Некои носеа маски, а некои цел скафандер за да се заштитат, а учењето и работење...
Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тро...
Луѓето кои биле во култ откриваат кога сфатиле дека се заробени „Мислам дека отсекогаш знаев, но решив да си заминам кога постарите членови ми р...

Најчитани неделава