Гест после кој жените го обожаваат: Згоден фраер спаси куче од сигурна смрт

Можеби досега сте мислеле дека совршениот маж не постои, но веројатно ќе го промените мислењето откако ќе го запознаете Боби Херукс.

hrabri-vitezi-se-ushte-postojat-zgodniot-fraer-koj-spasil-kuce-od-sigurna-smrt-01.jpg

Овој атлетски граден фраер е инструктор по јога од Колорадо кој има и непрофитна организација која се занимава со спасување на кучињата бездомници, дури и од вода и сигурна смрт.

Токму тоа и се случило. Несреќното куче на Сара Мелинкоф паднало во река, а господинот Херукс кој случајно се нашол таму, без да размислува влегол во брзата вода и му помогнал на кучето - го спасил од сигурна смрт.

Сара, по драматичното случување на Фејсбук го опишала овој херојски подвиг:

„Моето мило куче Карли беше однесено од недојдените води на Мил Крик ова утро. Ја гледав како прелетува и едвај ја држи главата над водата.

Одев по неа и ја викав на име, сè додека не пристигнавме до едно место кое се нарекува Tea Cup. Само што се подготвував да ги соблечам чевлите и да влезам во водата по неа, се појави еден млад човек од никаде, ги соблече своите панталони и влезе во водата.

Се движеше низ лизгавите карпи и брзото течение на реката кога успеа да ја дофати Карли. Се тресеше. Има артритис, 13 години е стара и веќе е сенилна.

Без преплашена и расплакана кога ми ја донесе Карли. Го прашав како се вика и го прегрнав. Го прашав која е неговата омилена добротворна организација за да донирам пари во негово име и ми кажа дека има своја организација. Големо срце, големи раце.“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
Одземена титула, прогласување погрешна победничка: Најголемите контроверзии на Мис Универзум Неколку мисици ги изгубиле титулите поради однесувањето или непромислените изјав...
Дехидрирана крв, пресадена рожница: Фотки кои покажуваат колку е чудно човечкото тело Сте виделе и како изгледа дехидрирана крв или, пак, рендгенска снимка од бебешка...
Исчезнувања од крузери од кои ќе ве полазат морници – со години се обвиени со мистерија Жена чие исчезнување не ни било пријавено од екипажот, жена која била најдена мр...
Ја сметале за жртва во нападот на „Близначките“ во 2001, но водела двоен живот: Мистериозното исчезн... Млада Американка исчезнала ден пред нападот на кулите „Близначки“ во 2001-ва. На...
16 забавни фотографии што ќе ве изненадат како снег среде лето „Сакав да се освежам со сладолед на плажа, си купив во еден макрте и кога го гри...

Најчитани неделава