Знаци кои ви покажуваат дека е време да го промените својот живот

Дали можеби е време да направите некаква драстична промена во вашиот живот? Мислиме да, бидејќи животот е премногу краток за да не го живеете со полни гради.

znacite-koi-vi-pokazuvaat-deka-e-vreme-da-go-promeinte-svojot-zivot-01.jpg

Дали покажувате знаци кои ви велат дека е време за промени?

1. Секој ден едвај чекате да дојде петок

Се согласуваме дека викендите се забавни и нема кој не го обожава петокот, но секој ден може да биде забавен кога ги правите работите кои навистина сакате да ги правите. Не нè сфаќајте погрешно, тоа не значи дека не смеете да правите планови за викендот, туку дека секој ден можете да направите да ви биде релаксиран.

2. Живеете за годишните одмори

Годишните одмори се супер, но уште подобро е да имате одмор од кој нема д имате потреба од годишен одмор. Како што Сет Годен еднаш кажа: „Наместо да размислувате за следната локација на годишниот одмор, можеби треба да градите живот од кој нема да сакате да побегнете“.

3. Ако добро размислите, сфаќате дека не се фокусирате на приоритетите

Запишете ги вашите топ приоритети во животот, а потоа и три работи на кои најмногу се фокусирате моментално. Дали листата се совпаѓа? Ако не, тогаш можеби е веќе време да ги промените работите на кои моментално се фокусирате.

4. Не знаете што ве усреќува и немате време да откриете што е тоа

Ако сè уште не сте ја откриле вашата страст, нема ни да ја откриете ако секој ден го минувате во рутина, од година за година. За да откриете што точно ве прави среќни и која е вашата страст во животот, прво треба да најдете време и простор за да ги откриете тие работи, а потоа да се насочите на истите.

5. Често сте љубоморни

Ако често сте љубоморни на другите размислите кои се вашите мотиви да бидете љубоморни, а потоа фокусирајте се на тоа како да ги задоволите тие мотиви и повеќе да немате причина да бидете љубоморни.

6. Не се сеќавате кога последен пат сте излегле надвор од комфорната зона

Според Волш, животот почнува на крајот од удобната зона. Вашиот живот може да стане далеку подобар, ако секој ден се осудувате да зачекорите надвор од работите кои ви се пријатни, да стапнете во зоната на непознатото.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...

Најчитани неделава