Зошто жената која плаче не е слаба, туку силна и здрава?

Не се знае зошто, но плачењето се смета за слабост. Културолошки сме опседнати со сила, моќ и достигнувања, па речиси никогаш не сакаме да покажеме дека сме ранливи.

zosto-zenata-koja-place-ne-e-slaba-tuku-silna-i-zdrava-01.jpg

Меѓутоа, жените кои плачат и ја покажуваат ранливоста, треба да се почитуваат.

Само психички силните жени се подготвени да се „разголат“ до овој степен и да откријат зошто се вознемирени.

Зошто плачките се всушност добри личности?

1. Физички се поздрави

Задржувањето на емоциите може да предизвика ментални заболувања, а стресот со кој денес се соочуваме може да влијае и на многубројни физички слабости. Плачењето од друга страна, ја намалува количината на природни хемикалии во организмот кои доведуваат до анксиозност.

2. Подготвени се на болка за повторно да се чувствуваат добро

Кога плачете, се опуштате и откривате дека не се срамите да покажете кога не ви е пријатно. Солзите се еден вид на инструмент после чие користење се чувствувате многу подобро. Оваа теорија е поддржана и од страна на науката - расположението на луѓето најчесто се подобрува по добро исплакување.

3. Не дозволуваат ништо да остане недокажано

Непишано правило е дека жените кои плачат се одлични во комуникацијата. Чувствителни се и на туѓите емоции, односно може да разговараат без срам. Храбри се кога треба да се отворат, без оглед на тоа за која тема се работи.

4. Имаат одлично чувство за самосвест

Самосветса е нешто за што се потребни многу нерви и голема пракса. Кога одвојувате време да се исплачете, тоа е добар знак дека го слушате вашиот внатрешен водич. Подобро се носите со работите кои се случуваат со вашиот ум и подобро ги разбирате вашите емоции. А, кога сте во контакт со своите емоции, имате алати да сфатите што сакате во животот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...

Најчитани неделава