6 ефикасни вежби за крeативно размислување, според Стив Џобс

Тајната на успехот понекогаш лежи во начинот на кој размислувате - брзото и неконвенционално размислување, многумина, велат е клучно.

6-efikasni-vezbi-za-krativno-razmisluvanje-po-stiv-dzobs-01.jpg

Можете да бидете генијалец, но понекогаш, бурата од мисли кои навираат, едноставно не ви дозволува да дојдете до идеја за нешто ново, уникатно, нешто што ќе ви донесе успех.

Дури и Стив Џобс, човекот за кој ќе се согласите, е човекот кој знаел како да го искористи своето креативно размислување, понекогаш имал тешкотии да се концентрира и да дојде до нови идеи.

Но, затоа пак, тогаш кога ќе наидел на тешкотии, користел една ефикасна ментална техника во неколку чекори:

Чекор број 1

Сенете со прекрстени нозе на мирно место. Можете дури и да се навалите на перница за да го намалите притисокот на `рбетот. Започнете да дишете длабоко.

Чекор број 2

Затворете ги очите и обидете се да се концентрирате на менталниот монолог кој си го правите сами со себе. Мислите сигурно ви надоаѓаат како бура. Работа, дома, работи кои ви останале недовршени... Не се обидувајте да ги сопрете. Едноставно концентрирајте се на тоа како вашиот мозок лета од една мисла на друга. Повторувајте ја вежбата по 5 минути дневно цела една недела.

Чекор број 3

Додека сè уште не се обидувате да го промените налетот на мисли, обидете се да го насочите вашето внимание кон делот од вашата свест кој е одговорен за вашата смиреност и бавно размислување.

Чекор број 4

Како што полека успевате да се смирите и концентрирате, така ја забавувате и работата на вашиот дел од мозокот кој е одговорен за таа лавина мисли. Не очекувајте веднаш да успеете да се концентрирате токму на овој дел од вашиот мозок - лавината од мисли, тешко може да се смири. Обидете се да си замислите како да се движите по некоја земјена патека...

Чекор број 5

Ако успеете да го забавите напливот на мисли ќе забележите како и дишењето ви се забавува. Одеднаш ќе станете свесни за околината околу вас. Можеби и ќе испеете да почувствувате како крвта ви се движи низ крвните садови. Ќе започнете себеси да се перципирате на нов и сосема поинаков начин.

Чекор број 6

Потребно ќе ви биде време да го истренирате мозокот, но кога конечно ќе успеете во тоа, ден по ден, ќе успеете целосно да се смирите, тогаш кога ви е најмногу потребно да го направите тоа и да ја разбудите вашата креативност.

Оваа вежба ќе ви овозможи:

1. Да се ослободите од стресот.

2. Полесно да заспивате навечер.

3. Да размислувате појасно и трезвено.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...

Најчитани неделава