Зошто вреди да станете оптимист?

Следен пат кога ќе се изнервирате, имајте го ова на ум. Дали оптимизмот може да се научи?

optmistite-ziveat-podolgo-od-drugite-lugje-01

Тоа е прашањето на кое ќе ви одговориме.

Најпрво, кои се бенефициите на оптимистите?

- Полесно се решаваат проблемите и задачите

- Тие се омилени во друштвото

- Лесно склопуваат нови пријателства

- Негативните ситуации ги сметаат како предизвици

- Попозитивно го доживуваат и животот и луѓето во него

Звучи премногу добро за да биде вистинито, нели? Па, кој не би сакал да биде оптимист кога оптимизмот носи успех, задоволство и среќа во секој аспект на животот. С

епак, мора да ве предупредиме дека не може да бидете оптимисти 365 дена во годината и сосема е во ред, понекогаш да заземете песимистичко гледиште.

Како да го извежбате оптимизмот?

Точката на поаѓање е РЕАЛНОСТА. Што и да ви се случува и колку изгледа застрашувачки, застанете на момент и одговорете на следниве прашања:

- Дали оваа ситуација има „смртен“ исход за мене? Дали мојот живот ќе продолжи без разлика на ситуацијата во која се наоѓам?

- Дали навистина (реално) е толку застрашувачка или само јас така ја доживувам (мислам дека е така)?

- Дали оваа моментална ситуација би била подеднакво застрашувачка и за *наведете име од пријател или член на семејството*? Како тој/таа би се носел/а со ова што моментално се случува?

- Дали постои решение за дотичната ситуација?

- Дали можам сам/а да ја решам или ми е потребна помош?

- Дали оваа ситуација е очекувана?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава