10 работи кои нè прават среќни

besplatni-raboti-koi-ne-pravat-srekni-povekjeБез пари за жал не може да живееме, но за среќа постојат работи кои не прават среќни и без да ги платиме. Посебно не усреќува проширувањето на...

 

...сопствените хоризонти и создавањето нови пријателства и емоцинални врски со другите.

Чувството на задоволство при тоа не доаѓа веднаш, туку со тек на време. На крајот од денот нема веднаш да се чувствувате исполнети и среќни, туку ќе си мислите дека за џабе сте си го потрошиле времето.

Стрпете се. Среќата ќе ве обземе полека, но сигурно.

besplatni-raboti-koi-ne-pravat-srekni

1. Трчајте – спортот е најдобар лек против депресија, а ништо не е така едноставно достапно како трчање макар и по маалските улици.

2. Хаику – ова е кратка поезија со потекло од Јапонија, а се состои само од 3 стиха и најчесто говори за природата. Напишете песна и поделете ја со пријателите.

3. Напишете писмо – сигурно имате пријател некаде далеку со кој контактирате на мејл или скајп или фејсбук. Гарантираме дека писмо по пошта ќе го израдува повеќе.

4. Подарете насмевка – ендорфинот е лек за се.

5. Запејте – пуштете го радиото гласно и пејте на глас. На момент ќе заборавите на се и ќе се опуштите.

6. Пријавете се на квиз – ако ви е страв да не се осрамотите, сетете се дека вашиот неуспех ќе биде заборавен за 2 дена.

7. Донирајте крв – не ве чини ништо, а може да спасите живот.

8. Откријте го тантричкиот секс – ставете нагласок на блискоста, довербата и емоционалната поврзаност.

9. Разгледајте го градот во кој живеете – откријте ја моќта и убавините кои можеби одамна сте ги заборавиле во недостиг на време.

10. Читајте – позајмете од пријатели или од библиотека. Читање за момент ќе ве одведе во сосема нов свет и ќе ве направи среќни.

Би можело да ве интересира:

Некултурни луѓе кои заслужуваат да се најдат на „ѕид на срамот“ (фото) Луѓе кои блокираат раскрсници бидејќи минуваат на жолто, родители кои им дозволу...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
Стигнаа и во Македонија: Која е приказната зад Labubu играчките, со кои сите се „опседнати“? Моментално, еден од најголемите трендови се Labubu играчките кои потекнуваат од ...
Стара е за да се шета вака облечена, предрасуди за жените над 50-тата! Сигурно сте слушнале изјави како „Не ѝ личи на годините вака да се однесува“ или...
Луѓе кои како да „процветаа“ по 40-тата година, па изгледаат многу подобро отколку во младоста „Поминав низ средовечна криза и решив да се посветам повеќе на себе. Сега се чув...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg