Кои две бои ви ја подобруваат концентрацијата додека учите?

Имате потешкотии да се концентрирате за време на учењето или додека работите? Време е за промена во просторот, кој подразбира бојадисување на ѕидовите.

Pogodete-koi-dve-boi-ja-zgolemuvaat-koncentracijata-pri-ucenje-01.jpg

Според истражување на Science Network WA од Австралија, собите бојадисани во „живи“ бои ја зголемуваат концентрацијата, особено црвената и жолтата.

Живописните бои имаат моќ да ја разбудат поспаноста и да ве натераат полесно да се фокусирате на материјалот.

За учесниците во истражувањето биле обезбедени 6 соби во различни бои.

На истите им бил прочитан одреден пасус, а потоа ги прашувале различни прашања поврзани со материјалот.

Оние испитаници во жолтата и црвената соба дале најмногу точни одговори.

2/3 од нив сметале дека црвената боја е лош избор за работна просторија, мислејќи дека собите во пастелни бои ќе им ја зголемат концентрацијата поради смиреноста која ја нудат.

Сепак, релаксираноста и смиреноста не им помагаат на студентите да бидат „на штрек“, внимателни и активни. Живописните силни бои стимулираат поголема неврална активност на мозокот, заклучува истражувањето.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
„Дигитални номади“ за тешката страна на нивниот живот: „Убаво е само ако имаш многу пари“ „Повеќето од нас се осамени бидејќи односот со луѓето што ги запознаваме е генер...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Лошите и добри страни на работата од дома, низ 16 забавни илустрации Марфиевиот закон за сите што работат од дома гласи: „Ако излезете до продавница ...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
10 причини зошто стоите во „мртва точка“ (и не можете да си го промените животот) Сакате веднаш да видите резултати, немате стратегија и тврдоглави сте. Сакате...

Најчитани неделава