Науката вели: На жените им треба повеќе одмор, бидејќи мозокот им работи понапорно

Правење на ментални листи, организирање, подготвување појадок, разговарање на телефон, местење на масата... мултитаскингот е неверојатен талент на жените кој речиси секогаш води до стрес и премореност.

naukata-veli-na-zenite-im-treba-povekje-odmor-bidejki-mozokot-im-raboti-ponaporno-01_2.jpg

Токму затоа, на жените им треба и повеќе сон да се одморат.

Истражувачите од Универзитетот „Loughborough“ од Англија откриваат дека колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, толку повеќе време ви треба сон.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека женскиот мозок функционира на покомплексни начини, посебно затоа што жените имаат тенденција кон мултитаскинг, па затоа имаат и потреба од повеќе сон.

„Мозокот на жените е покомплексен од мозокот на мажите, затоа спијат повеќе“ - вели професорот Џим Хорн, авторот на истражувањето.

Просечна возрасна личност има потреба од 6 до 8 часа сон за да се одмори од активностите кои ги извршувала во текот на денот. На жените им требаат 20 минути повеќе.

Исто така, откриено е дека недостатокот на сон кај жените има полошо и поголемо влијание на здравјето кај жените, отколку кај мажите.

Води до кардиоваскуларни проблеми, дијабетес, депресија, стрес и анксиозност.

Да заклучиме, 20 минути повеќе и ќе можете секој ден да бидете добро расположени и да продолжите со правење на десетина работи истовремено.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...

Најчитани неделава