7 обични работи кои се покорисни отколку што мислевте

Во животот користиме толку многу предмети што често не сме ни свесни за нивните делови и функции.

Sekojdnevni-nesta-koi-kje-ne-iznenadat-so-nivnata-funkcija-00

Едноставно сме прифатиле дека тоа е така и ретко кога размислуваме зошто одреден дел изгледа токму така, а неретко, и која е неговата точна функција.

На следната листа се наоѓаат предмети кои сите ги користиме заедно со нивните специфични функции:

1. Зошто хефталицата го има овој дел?

Овој дел служи за патроните на хефталицата да се свиткаат под агол од 180 степени со што подоцна, доколку е потребно, ќе може многу полесно да се извадат.

Sekojdnevni-nesta-koi-kje-ne-iznenadat-so-nivnata-funkcija-01

2. Зошто многу метра имаат дупка и изрезбан дел на крајот?

Дупката се користи за закачување на клинец и полесно мерење, додека нерамниот дел може да ви помогне да означите нешто со гребење доколку немате молив при рака.

Sekojdnevni-nesta-koi-kje-ne-iznenadat-so-nivnata-funkcija-02

Sekojdnevni-nesta-koi-kje-ne-iznenadat-so-nivnata-funkcija-03

7-obicni-raboti-koi-se-pokorisni-otkolku-shto-mislevte-2-2.jpg

3. Зошто има дупка на долниот дел од катанецот?

Катанците најчесто се користат надвор, а оваа дупка е всушност отвор за дренажа на водата која се собира внатре и го штити катанецот од 'рѓосување.

Sekojdnevni-nesta-koi-kje-ne-iznenadat-so-nivnata-funkcija-04

4. Како да дознаете дали телефонот ви е мокар внатре?

Многу батерии го содржат овој посебен индикатор за влага кој изгледа како мал круг или квадрат и ја менува својата боја во црвена доколку е изложен на вода.

Sekojdnevni-nesta-koi-kje-ne-iznenadat-so-nivnata-funkcija-05

5. Зошто има мали линии на буквите F и K на тастатурата?

Овие линии се корисни за при употреба на методот за пишување со 10 прсти. Овие копчиња се „показатели“ бидејќи на нив се ставаат показалците.

Sekojdnevni-nesta-koi-kje-ne-iznenadat-so-nivnata-funkcija-06

6. Зошто на рачките од пресата за лук има игла и отвор на крајот од рачките?

Тоа не е само пресата за лук, туку и машината за вадење семки од црешата. Ставете цреша во дупката на крајот од рачката, притиснете со другата рачка и добивте цреша без семка.

Sekojdnevni-nesta-koi-kje-ne-iznenadat-so-nivnata-funkcija-07

7. Зошто дното на шишињата за вино е вдлабнато?

Постојат неколку причини за оваа интересна појава:

  • Порано не постоела посебна опрема за изработка на шишиња па било тешко да се направи шише со рамно дно. Со време тоа останало како традиција.
  • Кога виното треба да зрее подолго време, неизбежно е создавање седимент. Вдлабнатината прави тој да се насобере околу неа, како не би можел да падне во чашите при ставањето.
  • Кај шампањот и пенливите вина вдлабнатината помага да се распореди притисокот низ целото шише, намалувајќи го напонот меѓу вратот на шишето и ѕидовите и дното.

Sekojdnevni-nesta-koi-kje-ne-iznenadat-so-nivnata-funkcija-08

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ен... Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
„Платив 120$ за маса од 8.000$“: Луѓе кои пронајдоа вистинско богатство во продавници од втора рака „Најдов прво издание на една од моите омилени детски книги - и со автограм од ав...
14 креативни (и по малку бизарни) производи, што ќе сакате да ги купите веднаш Од сапун со мирис на сланина, преку плишан мајмун - држач за влажни шамивчиња, д...

Најчитани неделава