Ако не се бориш за повеќе, секогаш ќе добиеш помалку отколку што заслужуваш

Ова е генералното правило во животот - Ако мислиш дека не заслужуваш повеќе, секогаш ќе се согласиш на помалку.

ako-ne-se-boris-za-poveke-sekogas-ke-dobies-pomalku-otkolku-sto-zasluzuvas-1.jpg

Луѓето имаат тенденција да ги потценуваат другите. Да даваат само трошка од себе.

Ако мислиш дека немаш право да бараш покачување на платата, секогаш ќе работиш прекувремено и потплатено.

Ако мислиш дека немаш право да поставаш барања во врската, никогаш нема да ги добиеш почитувањето и ценетоста кои ги сакаш.

Ако мислиш дека немаш право да знаеш на што си со личноста со која се гледаш, секогаш ќе чекаш во сивата зона.

Иронијата лежи во тоа што оние кои бараат повеќе, ги бараат своите права или одговори, се токму оние кои се силни и свесни на своите вредности.

Што ќе добиеш ако молчиш и се согласиш на она што другите ти го даваат?

Заради тоа нема да имаш повеќе пријатели, ниту ќе станеш посимпатична личност.

Единствената работа која ќе ја постигнеш е тие да те сфатат здраво за готово. Ќе мислат дека е нормално да те повредуваат, бидејќи ти никогаш не се лутиш и противиш.

Да бараш повеќе никогаш не е лоша идеја. Не е лоша идеја да имаш своја вредност, да застанеш и да се бориш за себе, дури и кога не си сигурна дали го заслужуваш тоа. Твојот ум може да те измами да помислиш дека не заслужуваш повеќе отколку што имаш. Дека си алчна и себична.

Но, не си.

Не си себична ако бараш повеќе кога напорно работиш. И не е себично да сакаш да знаеш дали треба да бидеш предадена целосно на личноста која ја сакаш.

Себично е да играш на сигурно, за да не мора да се грижиш за последиците. 

Себично е да се согласиш на помалку затоа што се плашиш да не го изгубиш она што веќе го имаш.

Себично е да бидеш силен, а тоа никогаш да не го покажеш, па твојата сила да остане неискористена.

Ти си единствената препрека која ти стои на патот на остварување на она што го заслужуваш.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава