Психолошки правила кои треба да ги разберете за да бидете среќни

Разбирањето на психологијата на себе и другите може многу да ни помогне во нашата среќа. Сите ние страдаме од ограничени верувања од претходните искуства и интеракции на кои мораме да заборавиме.

5-psiholoshki-pravila-koi-treba-da-gi-razberete-za-da-bidete-posrekjni-01.jpg

Без разлика на тоа дали веруваме дека не сме доволно добри или дека требало да направиме нешто во одреден период од нашиот живот, а не сме успеале...

Од едноставните недоразбирања до намерните реакции насочени кон и од другите.

Мораме да ги запомните овие 5 психолошки правила за да бидете среќни:

1. На луѓето не им е грижа толку колку што мислите

Затоа, треба да заборавите на тоа што мислат другите и да се посветите на работите кои вас ви значат.

2. Константно се менуваме, без разлика дали сме свесни за тоа или не

Лесно ни е да мислиме дека сите ние сме иста личност која не се менува, но тоа е исто како и со тежината - секој ден се „гледаме“ и само не сме свесни за промените, а тие си се случуваат сакале или не.

3. Морате да престанете да се споредувате со другите

Социјалниот притисок може да биде многу штетен. Од друга страна, споредбата со себе, може да доведе до напредок.

4. Не претпоставувајте дека вашиот совет ќе биде послушан

Колку и да сакате или не, не мора да значи дека тоа што го давате како совет на другите, ќе биде послушано и добро е да престанете да го очекувате тоа.

5. Не можете сè да контролирате, дури ни своите реакции

Колку и да сакате да прикриете одредени работи, не можете секогаш да успеете во тоа. Најдобро е еднаш засекогаш да се прифатите онакви какви што сте и да престанете да се обидувате да се прикривате.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава