16-те бонтон правила кои модерните жени мора да ги почитуваат

Сите сакаме да оставиме добар впечаток и да бидеме оценети како културни и примерни луѓе, но честопати несвесно потфрламе.

16te-bonton-pravila-koi-modernite-zeni-mora-da-gi-pocituvaat-1_copy.jpg

Овојпат се фокусираме на понежниот пол, односно бонтон правилата кои секоја модерна жена треба да ги почитува ако сака да ја стекне титулата „дама“.

1. Никогаш не одете на гости без да се најавите

Ако некогаш сте биле непријатно изненадени од ненајавени гости – знаете колку е непријатно.

2. Никогаш не го сушете чадорот отворен - каде и да сте

Секој пат треба внимателно да го затворите и да го закачите на соодветно место.

3. Чантата никогаш не ја држете во скут или на столче

Малата плик чанта може да се стави на маса. Големата чанта може да се закачи на закачалка, на столче, но не и да фаќа место наместо човек. Актовката треба да стои на земја.

4. Кесите се користат само еднаш

Пластичните кеси од супермаркетот не се за носење ситници во нив, ниту пак брендираните хартиени кеси. Носењето на кеса како чанта е строго забрането.

5. Во домашна атмосфера треба да носите тренерки и блуза

Комфорно, но пристојно. Наметката е дозволена само наутро додека да одите до тоалет. Потоа облекувате тренерки.

6. Секогаш тропајте на вратата од било чија соба

Дури и ако се работи за вашето дете, пред да му влезете во собата, задолжително тропнете.

7. Жената никогаш не смее да носи капа и ракавици кога е внатре

8. Вкупниот број на аксесоари не би требало да го надминува бројот 13, вклучувајќи ги и копчињата

Бразлетната е дозволена над ракавици, но не и прстенот. Колку што сте поблиску до вечерта, толку поскап и повпечатлив накит треба да носите.

9. Кога велите „те канам на вечера“, значи дека вие плаќате

Ако кажете „ајде да одиме на вечера“ значи дека секој си плаќа за себе. Без разлика дали се работи за љубовен или бизнис состанок.

10. Лифтот прво го напушта човекот кој е најблиску до вратата

11. Најпрестижното место во автомобилот е позади возачот

И тоа е наменето за жени. Ако вози маж, жената секогаш би требало да го одбере ова место. Плус, каде и да седите, запаметете дека мажот ја отвора вратата.

12. Во кино, театар или концертна сала, треба да се движите до вашето седиште свртени со лицето кон луѓето кои веќе се сместиле.

13. Четири теми нека бидат табу: политика, религија, здравје и пари

Комплиментот „колку прекрасен фустан“ никогаш не смее да заврши со „колку чини?“ Ако вам ви се случи вакво прашање само насмевнете се и одговорете: „го добив на подарок.“

14. Без оглед на тоа колку добро познавате некое лице, има места каде близината треба да ја игнорирате

На пример, ако се сретнете со пријател или член од семејството на работното место, секогаш однесувајте се коректно и без многу емоции.

15. Дискутирањето на луѓето кои не се во просторијата – е озборување

И нема никаков издржан изговор. Едноставно е забрането да зборувате за некој кој не е во можност да го чуе вашето мислење за него.

16. Во тајност држете 9 работи

Годините, богатството, семејните проблеми, религијата, вашите здравствени проблеми, љубовни афери, подароци, чест и срам.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg