Зошто случајностите никогаш не се случајни?

На секого му се има случено да се соочи со ситуација каде не може да објасни одредена случајност.

zoshto-slucajnostite-vsushnost-nikogash-ne-se-slucajni-01.jpg

На пример, планирате да се јавите на некој пријател и додека да ја кренете слушалката телефонот почнува да ѕвони, а на другата страна на линијата е токму тој пријател на кој сте планирале да му се јавите.

Или си поставувате одредено прашање и случајно наоѓате одговор додека пешачите на улица.

Понекогаш овие совршено креирани случајности никако не можеме да си ги објасниме логички, ниту пак да веруваме дека ни се случиле.

Јасен пример за тоа е приказната на актерот Ентони Хопкинс.

Тој добил понуда да глуми во филмот „The Girl from Petrovka“, базирана на истоимената новела на авторот Џорџ Фајфер.

За подобро да се запознае со ликот кој требал да го глуми тој сакал да ја купи оригиналната верзија од книгата, не само сценариото. Но, никаде не можел да ја најде.

Еден ден случајно додека се возел во метро наишол на копија од книгата.

А, подоцна, откако веќе го снимил филмот, се запознал со авторот на книгата во авион. Тој му се пожалил дека му ја позајмил на својот пријател единствената вредна копија, а тој ја изгубил во метро.

Книгата била вратена на сопственикот.

Звучи премногу неверојатно за да биде возможно, нели?

Се чини како сите ние да сме поврзани со невидливи конци, а според познатиот психолог Карл Густав Јунг, ова тврдење е вистина.

Тој феноменот го нарекува синхроницитет.

Понатаму вели дека овој феномен се случува кога постои голема поврзаност помеѓу личноста и нејзината околина. Поточно, кога постои силна врска меѓу просторот, времето, свесното и несвесното.

Во одредени моменти и под специфични објективни значења кои ѝ се важни на личноста, настанува силна привлечност која предизвикува случајности како фатални несреќи или неверојатна среќа, па дури и чуда.

Колку е личноста поблиска со околината околу себе, толку е голема привлечноста и можноста да настане одредена случајност.

Секако, не можеме да бидеме 100% дека овој феномен е точен, но во секој случај, мистичното понекогаш ни помага да почнеме да се однесуваме на одреден начин, да донесеме одредени одлуки, па и радикално да си го промениме животот.

Сè што е потребно е да бидеме повнимателни и отворени за можноста да се случи синхроницитет.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
8 причини зошто животот со смартфон е (многу) полесен, низ илустрации Ако порано сакавме да си купиме облека, немавме избор освен со часови да шетаме ...
Алфред Нобел - динамит: Генијалци кои зажалиле за изумите што ги направиле славни Алфред Нобел е креаторот на Нобеловата награда, но и личноста што го измислила д...
8 ситуации кои на луѓето што живеат во град им изгледаат неверојатно кога одат во село Ако сте на диета, не ни помислувајте да одите на село, особено не кај вашата баб...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...

Најчитани неделава