Близначки со различна боја на кожата (фото)
Кога Витни Мајер ќе каже на некое непознато лице дека нејзините ќеркички се близначки никој не ѝ верува. Тоа е така затоа што Калани и Џарани Дин се родени со различна боја на кожа.

25-годишната Мајер е бела, а нејзиното момче, Томас Дин е афроамериканец. Џарани ја наследила бојата од нејзиниот татко, а Калани од нејзината мајка.

Нивната мајка вели дека веднаш ја забележала разликата и била прилично изненадена.

„Го прашав докторот зошто бојата на кожата на Калани е толку бела“ - раскажува мајката.
„Не можев да разберам зошто изгледа толку различно од својата сестра“ - додава.

Калани и Џарани се двојајчани близнаци, што значи дека се развиени од две различни јајце клетки оплодени со две различни клетки сперма.


Шансата да се родат близнаци ро различна боја е 1 од 500 случаи.

Н. Г. | Црнобело