Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Интересни факти за пуканките

Новата американска студија покажува дека просечен љубител на пуканки, внесува повеќе прехрамбени влакна од оние кои воопшто не...

 

конзумираат пуканки.

1.
Научното име за пуканките е zea mays everta, а тоа е единствениот вид на пуканки кој се зголемува и пука.

2.
Луѓето уживале во пуканките илјадници години наназад. Во 1948 година во пештерите во Ново Мексико откриени се вакви зрна стари околу 5000 години.

3.
Се верува дека индијанците Wampanoag ги донеле пуканките за првиот Ден на благодарноста во Америка.

4.
Традиционално, индијанците со пуканките користеле различни зачини, па дури и чили. Исто така ги додавале во супа и пиво.

5. Индијанците верувале дека во секое зрно од пчената живее дух. Тој не им пречел на луѓето, но ако неговиот дом почнал да се загрева, духот ќе почнел да скока внатре во зрното, лут и бесен, се додека не излезе од таму.interesni-fakti-za-pukankite

6. Наводно се верува дека Кристофер Колумбо им ги претставил пуканките на Европјаните во доцниот 15-ти век.

7. Првиот профитабилен бизнис од пуканките се остварил во 1885-та година од страна на Чарлс Креторс, кој и ден денес постои и произведува производи машини и специјална опрема за изготвување на пуканки.

8.
Американските трговци започнале со продажба на пуканки по карневалите и сајмиштата во 19-тиот век. Кога започнале да ги продаваат пред кино салите, сопствениците не биле воодушевени бидејќи сметале дека пуканките ќе ги одбиваат нивните муштерии од посета на кината.

Требало да пројдат неколку години пред да се воочи фактот дека пуканките всушност може само да ја зголемат продажбата на билетите, а во кината регуларно се продаваат од 1912 година.

9. Денес многу кина многу добро заработуваат од продажбата на пуканки, а профитот дури знае и да го надмине оној од продажбата на билетите. Пуканките ги ожеднуваат посетителите со што се зголемува побарувачката за освежителни пијалоци.

10.
Зошто пуканките пукаат? Имено, секое зрно содржи мала количина на влага. Како се загрева, водата се претвора во пареа. Пуканките се разликуваат од другите зрна по тоа што лушпата не пропушта вода, т.е. пареата не може да излезе и така притисокот расте се додека конечно не пукне.

11. Во просек, зрна започнуваат да пукаат кога ќе достигнат температура од 175 Целзиусови степени.

12. Пуканите се богати со влакна и содржат малку калории, масти, сол и шеќер, а им се додава и масло и останати зачини при подготовка.

13.
Американците годишно конзумираат 17 милијарди порции на пуканки, количина доволна 18 пати да се наполни Empire State Building.

14.
Според Гинисовата книга на рекорди, најголемата пуканка на светот има дијаметар од 3,5метри, а за нејзината изработка било потребно 907кг пченка, 18.000 кг шеќер, 1000 литри пченкарен сируп и 1500 литри вода.

Би можело да ве интересира:

Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...
8 (природни) катастрофи што засекогаш го променија светот Некои историчари сметаат дека високата стапка на смртност од црната чума донекад...
Емотивни фотки: Дечиња без родители на кои им се исполнила најголемата желба - да бидат посвоени Сингл маж кој посвоил девојче со Даунов синдром, пар кој посвоил пет браќа и сес...
„Маж плати за да не ѝ кажеме на сопругата дека ја изневерува“ – Келнери сведочат за најчудните роман... Маж што им плаќа на келнерите за да не го издадат дека бил со проститутка, момче...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
10 ситуации кои ќе ги изнервираат и најголемите професионалци, низ илустрации Доктори, адвокати, касиери, продавачи... сите од нив понекогаш се нашле во ситуа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg