Галентајн е новиот Валентајн

Секако, Валентајн би било идеално да го поминете во друштво на љубовта на вашиот живот, но овој нов модерен празник е перфектен одговор на огромниот притисок да имате партнер на 14-ти февруари. 

galentajn-e-noviot-valentajn-03.jpg

Нè поттикнува сите нас сингл девојки да престанаме да се опседнуваме со емоционално недостапните мажи во нашиот живот и да го замениме Денот на вљубените во Ден на славење на пријателството.

Овој 14-ти, поминете го денот во друштво на вашите најдобри пријателки, кои ви се извор на безусловна љубов во вашите нај критични моменти. Без разлика на причината поради која сте одлучиле да го славите, овие Гал-ентајн совети ќе ви направат да имате најнезаборавен ден и да заборавите на Валентајн оваа година:

Почнете го денот со бранч. За време на пауза од работа или кога ќе најдете слободно време на почетокот на денот, со вашите пријателки почастете со еден доцен појадок со мимози и вашите омилени калории. Нема подобар начин да се расположите од едно утринско кратко озборување и вашата омилена храна. Направете план како ќе го прославите денот на вашето пријателство.

Можете да го прославите денот со пижама парти и еден филмски маратон со филмови кои ќе направат вашите проблеми да изгледаат смешни во споредба со тие на вашите омилени ТВ ликови. Гледајте ја пресмешната Bridget Jones , ‘романтичната’ комедија The other woman, или потсетете се на вашето омилено продолжение на филмот The Sisterhood of the Travelling Pants. Независно дали сакате да се изнасмеете или исплачете, филмскиот маратон ќе ви биде квалитетно време поминато со вашите најдобри пријателки.

galentajn-e-noviot-valentajn-02.jpg

Направете едно СПА дружење. Секој би сакал една СПА релаксација, посебно ако може да ја поминете во друштво на вашите најдобри пријателки. Направете план од вечерта. Одете на масажа, испробајте некој нов третман за убавина, или поминете ја вечерта покрај топол базен со коктел во рака. Посветете ја вечерта целосно на вас.

Кој вели дека подароци се купуваат само за вашиот партнер. Оваа година вие и вашите пријателки, поставете си граница колку би потрошиле и изненадете се со ситни подароци. Сепак нема поголема еуфорија од отварање на подароци.

Како и да се одлучите да го поминете денот, ви гарантираме дека овие совети ќе ви го зацврстат пријателството и ќе ви донесат еден куп незаборавни спомени. Кој знае, можеби овој ден ќе го претворите во традиција.

galentajn-e-noviot-valentajn-01.jpg

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...

Најчитани неделава