Како по брза постапка да возвратите на критиките?

Не постојат совршени луѓе и заради тоа секогаш ќе се најде некој кој ќе ве осуди. За жал, од тие критики никогаш, потполно не можеме да избегаме, ама можеме да научиме како да извлечеме важни лекции од нив.

kako-po-brza-postapka-da-vozvratite-na-kritikite-01.jpg

Како брзо и ефикасно да реагирате на критиките?

1. Кажете: „Да!“

Кога некој ве предизвикува, прво што треба да направите е да ги смирите вашите емоции и да сфатите дека секоја личност има на свое мислење.

Ако некоја личност собрала храброст да ви каже нешто, тоа значи дека таа личност сака да воспостави дијалог со вас и ве смета за доволно важни за да се впушти во тој дијалог.

Обидете се да ги согледате работите од нејзина гледна точка и најдете барем нешто со кое можете да се согласите. А, потоа, секако изговорете ги и зборовите „ти благодарам“.

Личноста ќе остане збунета во најпозитивна смисла на зборот.

2. „Ама...“

Откако ќе најдете барем една точка на која се согласувате, сега веќе е време да го изразите вашето мислење.

Фокусирајте се да ги кажете само оние работи кои за сигурно знаете дека се објективна информација.

Токму тоа ќе ѝ помогне на другата личност да ги согледа работите од ваша перспектива.

3. „Можеме да...“

Откако ќе воспоставите контакт, ќе ја послушате критиката и ќе го кажете вашето мислење, време е да најдете заедничка гледна точка.

Ако одговарате на критиките на начинот на кој е опишан погоре, далеку полесно и побрзо ќе се соочувате со критиките и побрзо ќе ги решавате недоразбирањата. А, што е најважно, нема да се нервирате.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава