4 принципи по кои живеат Скандинавците - најсреќните луѓе во светот

Многу истражувања до сега докажаа дека едни од најсреќните и најисполнети нации се токму Данците, Норвежаните и Швеѓаните.

4-principi-po-koi-ziveat-skandinavcite-najsreknite-lugje-vo-svetot-1.jpg

Денес Скандинавците важат за најкултурен и најсреќен народ во целиот свет.

Па, како да живеете барем малку како нив? Која е тајната на нивниот среќен живот?

Токму овие 4 принципи:

1. Скромноста и почитта кон другите

Во овие земји важат следните правила:

Не мисли дека си нешто посебно.

Не мисли дека можеш да ја мериш добрината со другите.

Не си толку паметен колку што мислиш.

Не смееш да се убедуваш себеси дека си подобар отколку другите.

Не знаеш повеќе од сите останати.

Не си поважен од сите останати.

Не смееш да мислиш дека си одличен во сè.

Не ти е дозволено да им се смееш на другите.

Немој да мислиш дека сите ќе се грижат за тебе.

Немој ниту да мислиш дека ти можеш да ги учиш другите.

Колку и да се груби, овие закони им помагаат на Скандинавците да воспостават еден скромен, а сепак пријателски живот и однос со другите луѓе во животот.

2. Балас меѓу работата и семејството

Скандинавците ја почитуваат важноста на семејството. Повеќето канцеларии се затвораат во 5 часот. Данците на пример, никогаш не работат прекувремено. Во Шведска, некои компании отидоа чекор понапред и го скратија работното време на 6 часа.

4-principi-po-koi-ziveat-skandinavcite-najsreknite-lugje-vo-svetot-2.jpg

3. Собирите на семејството се извор на среќа

Се работи за собири во кои уживате во едноставните работи заедно со семејството. Пример, ладните ноќи ги поминуваат удобно облечени, покрај каминот, со вкусна храна и пијалаци, а веројатно и со многу свеќи наоколу. Сметаат дека сè е во комфорот, поддршката и вниманието кое го посветувате на блиските и саканите.

4. Реални очекувања

Ова е веројатно најважниот клуч за среќен живот - престанете да се оптоварувате со нереални амбиции. Ќе се изненадите колку среќа може да предизвикаат ситниците. Споредувањето со другите, исто така не ви е од корист.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава