Популарните играчки тролови од '90-тите: Како изгледаат денес?

Оние кои растеле во 90-тите, сигурно се сеќаваат на овие многу популарни мали трол куклички со коса во неонски бои. 

koi-bea-popularnite-trolovi-od-90-tite-i-kako-izgledaat-denes-01.jpg

За многумина поимот „трол“(troll), сè уште асоцира и е резервиран единствено за пластичните играчки од детството, во форма на чудни суштества со препознатливи диви косички, карактеристични збрчкани и насмеани лица, големи уши и циркончиња на телата.

Познати се уште и како тролови за среќа, а исто така беа и препознатливи ликови од компјутерски игри.

Интересно за овие мали кукли е дека повторно се враќаат во мода на секои една до две децении.

Создадени се уште на крајот од 50-тите години на минатиот век во Данска и првите примероци биле направени од дрво, од страна на данскиот рибар Томас Дам, кој имал талент за резбање на мали фигури.

Подоцна со нивната популаризација и со отварањето на фабрика за трол играчки, почнале да се произведуваат од пластика, во различни варијанти и големини. Овие кукли многу брзо го освоиле светот и постигнале огромна продажба и популарност насекаде.

Уште во далечните 60-ти години, децата собирале колекции од овие играчки, а најголемата колекционерка Шери Грум од САД, брои речиси 3.000 уникатни трол фигури во својата колекција и е запишана во „Гинисовата книга на рекорди“.

Во 2005-та година, компанијата на Дам ги презентираше малите суштества во понова верзија, под името Trollz, меѓутоа не постигнаа задоволителен успех на пазарот.

Во поново време повторно се појави трендот на собирање на троловите и сега повторно се враќаат и го освојуваат пазарот на играчки, воедно и како анимирани ликови. Имаат и променет изглед, а франшизата е во сопственост на DreamWorks. 

koi-bea-popularnite-trolovi-od-90-tite-i-kako-izgledaat-denes-02_copy.jpg

Е. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава