26 совршени совети за да го живеете животот со полн здив

Секој тежнее да открие што е тоа што најмногу му треба во животот за да биде исполнет, среќен и да чувствува како да ја пронашол суштината на животот.

26-sovrsheni-soveti-za-da-go-ziveete-zivotot-so-poln-zdiv-01.jpg

За таа цел, може да ви помогнат 26 кратки, мудри совети.

Можеби нема да се согласите со сите нив, но ви ветуваме, дека се потенцијал да го пронајдете вистинскиот пат кон среќата:

1. Парите никогаш не се залудно потрошени, ако сте ги трошеле за забава.

2. Ако некој ви се допаѓа, кажете го тоа. Што имате да изгубите?

3. Живејте го животот денес, бидејќи вчера одамна си заминало, а не знаете што може да се случи утре.

4. Ако нешто не ви е јасно, слободно побарајте објаснување.

5. Ако сакате друштво, испратете покана.

6. Ако сакате нешто, побарајте го тоа.

7. Избегнувајте расправии, ако знаете дека можете да наидете на компромис.

8. Ако сакате да бидете разбрани, објаснете се.

9. Ако сте виновни, прифатете ја одговорноста, не давајте изговори.

10. Секогаш памтете дека секој си има своја верзија на вистината која не мора да биде иста со вашата.

11. Избегнувајте контакт со „будали“.

12. Главната работа во животот е љубовта, сè друго е суета.

13. Проблемите ви се само во главата.

14. Светот околу нас не е ниту добар, ниту лош и не му е грижа дали вие постоите или не.

15. Обидете се да најдете задоволство буквално во сè што ви се случува во животот.

16. Секогаш памтете, дека нема да имате друг живот.

17. Не бидете тврдоглави, не бидете нечија болка во главата.

18. Не го трошете времето на телевизија, тоа е кутија која есенцијално е направена за „будали“.

19. Запомнете дека никому не должите ништо.

20. Исто така, дека никој вас не ви должи ништо.

21. Не го трошете времето на политики, ќе направат да бидете огорчени и ништо повеќе.

22. Постои само една личност на која можете да се потпрете во животот, а тоа сте самите вие.

23. Не верувајте на ветувања, туку на вашите емоции.

24. Секогаш бидете трпеливи со децата.

25. Ако сте лошо расположени, размислете дека ако го напуштите овој свет, нема да бидете во никакво расположение.

26. Секогаш запомнете дека денес, може да биде најдобриот ден од вашиот живот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава