Крадливци на покривачот - Дали партнерот го саботира вашето спиење?

Ноќ е, се подготвувате за добро заслужениот одмор и блаженото царство на соништата. И покрај сите ваши желби и надежи, се будите уморни и со подочници.

Dali-partnerot-go-sabotira-vaseto-spienje-01.jpg

Што се случи? Според истражувањето на компанијата „Eight“ која продава квалитетни душеци за спиење постојат неколку причини поради кои не добивате квалитетен сон.

За некои од нив сте свесни, бидејќи се евидентни како на пример хрчењето на партнерот, а за други воопшто немавте поим.

Еве што ви го краде и нарушува сонот:

Изместен биоритам

Едниот легнува порано, другиот подоцна. Таман сте здремале, партнерот ја започнува својата рутина пред легнување. Тој можеби сака да чита пред спиење, вам ви пречи светлината и обратно.

Тој има обичај да стане во текот на ноќта до тоалетот, а секоја активност вас ве буди, макар и на кратко. Сите овие мали ситници влијаат врз нарушување на сонот.

Турбулентно спиење

Некои среќници заспиваат како „заклани“ или се „комираат“ веднаш штом ја спуштат главата на перница. Но, за други процесот не е ниту малку лесен. Особено е мачно доколку партнерот постојано се врти, спие немирно и турбулентно или зборува за време на спиењето.

Постои и една група наречена „крадливци на покривачи“ кои постојано несвесно го тегнат ќебето и ве оставаат без сон.

Различни навики на спиење

Некој не може да замисли да заспие без вклучен телевизор, друг се успива во целосна тишина. Партнерот се успива со музика и мобилниот до него, вие ги избегнувате ваквиот тип на апарати барем додека спиете. И секако – светлината има одгромно влијание.

Некој сака да се буди во многу осветлена соба, а друг не сака да го замисли утрото без целосно спуштени ролетни. Доколку навиките за спиење драстично ви се разликуваат, помирете се дека нема да имате премногу квалитетен сон.

Разлики во температурата

Жените генерално уживаат да спијат во позатоплени простории за разлика од мажите, но постојат и обратни случаи. Сé зависи од зимурливоста на партнерот. Навистина е тешко да спиете во соба за пингвини, или сауна.

Решението е едноставно: средна оптимална температура во собата за спиење и одделни покривачи, за да секој си ја прилагоди топлината.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар? Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, денес живее под друго име – Себастијан Марок...

Најчитани неделава